Ќе се гради нов елитен универзитет во Австрија
6 септември 2006Многу универзитети конкурираа за таканареченета „Иницијатива на одлични„. Оние на кои ќе им успее да убедат со концепти за иднината во науката и поддршката на подмладок, ќе добијат најмногу пари и титулата елитен универзитет. Зашто, Германија, со нејзиното долгогодишно лошо финансирање на образовниот сист
�м, има намера да стане конкурентна во научниот свет. И соседот на Германија, Австрија, прави напори за поддршка на научната елита.
Во Австрија се водеше многу жестока дебата околу таканаречените елитни универзитети. Додуша противниците не успеаја да најдат прифатлив компромис за сите, но сега изборот е пред вратата на парламентот. На 1 октомври партиите не сакаат повторно да дебатираат. Всушност, фактите се тука: во селото Марија Гугинг треба да се роди австрискиот елитен универзитет. На тој начин од трката беше исфрлен најголемиот конкурент – главниот град Виена, а со тоа беше расчистена и една од најспорните теми. Покраината Долна Австрија, во која се наоѓа селото Марија Гугинг, едноствано имаше најдобра финансиска понуда. Освен тоа, како што тврдат „навивачите„ за оваа варијанта, во внатрешноста е подобро да се гради кампус. Патем, укажуваат и на тоа дека селото се наоѓа пред портите на Виена.
Можно е уште оваа есен да почне изградбата на елитниот универзитет под името „Институт за наука и технологија„ на просторот на една поранешна клиника за нервни болести. Како точно ќе изгледа, во моментов не знае никој. Сепак, „навивачите„ се сигурни во сојата работа. Сојузниот канцелар Волфганг Шисел смета дека Марија Гугинг во иднина ќе игра значајна улога во европската наука. Тој не би сакал да се чека. На адреса на критичарите, изјави:
„Опасноста што е многу австриска гласи: да почекаме уште малку, да не брзаме, па ни претстојат избори, па што ќе биде тогаш...Според мене, ваквите решенија мораат да се носат сосема независно од политиката„.
Меѓутоа, критиките не се намалија. Австриските зелени, на пример, во тоа гледаат владина маневра за одвлекување на вниманието. Место да се доградуваат веќе постојните врвни научни институти, се сака да се одвлече вниманието од мизеријата на унивезитетите за да се соберат поени со престижниот проект во оваа изборна година. Други критичари на Марија Гугинг, укажуваат на тоа дека во земја што економски стои слабо нема да дојдат големи инвеститори, професори и студенти. Опозиционите социјалдемократи долго се колебаа, но на крајот се согласија со проектот.
Жестока дебата се водеше за кураториумот на универзитетот. Дури по протестите беа напуштени размислувањата во тоа тело мнозинството да го претставуваат политичари и соработници на администрацијата. Сега е договорено од најмалку 14-те членови, половината да бидат од сојузот и покраината Долна Австрија, а другите од науката. Еден од нив е реномираниот израелски физичар и поранешен претседател на израелскиот инстуитут „Вајцман„, Шаим Харари:
„Ако сакате да градите научен институт, потребна ви е енормна инфраструктура. Библиотека, истражувачки центар, одлична опрема. Тоа не е едноставен проект и нема да може да се реализира за една, две или три години. Ќе бидат потребни време и многу меѓу-чекори. Мораме точно да го обработиме и тоа е нашата задача„.
Студентски почетници на елитниот универзитет не се добредојдени. Само најдобрите од најдобрите ќе можат да истражуваат во Марија Гугинг. А, што мислат Австријците за спорот околу елитноста?
„Мислам дека станува збор за политика, но сметам дека е добро во нашата земја да имаме еден елитен универзитет. Но, тој мора да биде поврзан и со други земји, односно да има поврзување на универзитетите со елитните универзитети„.
„Не ја следев точно дебатата, но можам да си замислам дека ќе има тешкотии. Не само што се однесува до студентите, туку и до професорите, пред се елитните професори„.
„Веројатно ќе биде тешко да се добијат толку многу експерти за провинција„.
„Мислам дека е добро зашто на Австрија и е потребен елитен универзитет. Елитите се нешто позитивно. Конечно и ние да направиме нешто што во другите земји одамна постои „.