1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се стега обрачот против корупцијата

ДТЗ
22 септември 2021

Ова го предвидува предлог- верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во Северна Македонија. Законот ќе важи за сите.

Ljupco Nikolovski | neuer Landwirtschaftsminister von Nordmazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Владата најавува нови мерки за борба против корупцијата. Ќе се конфискува имотот на сите оние коишто нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година. Ова го предвидува  драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во Северна Македонија. Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани. 

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија најави дека драфт верзијата, којашто е готова, ќе биде испратена во Венецијанската комисија. 

„Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите“, вели Николовски. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е поставен на 30 илјади евра. 

Искуството, според Николовски, покажало дека функционерите незаконски стекнатиот имот го препишуваат на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат на свое име, па затоа се поставени и временски одредници во драфт верзијата на законот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми