Ќе се одржи нова рунда преговори за името
19 ноември 2012Медијаторот Метју Нимиц ги покани преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски на средба во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк. Нимиц ќе се сретне со секој од двајцата преговарачи одделно, по што ќе следи заедничка средба за да се процени статусот на разговорите и да се направи прогрес во изнаоѓањето на взаемно прифатливо решение за проблемот околу името, соопшти Канцеларијата на портпаролот на Секретарот на Обединетите нации.
Медијаторот на почетокот на месецов истакна дека и натаму верува оти ако се направи обид од странана раководствата во Скопје и во Атина и ако се покаже добра волја, може да се дојде до решение за името.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов пак изјави дека добро е што процесот се придвижува и дека статус кво ситуацијата не му одговара никому.