1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе слават ли Велигден Србите на Косово?

8 април 2007

Во поедини енклави, како Сретска онаа кај Призрен, за најголемиот христијански празник пристигнаа два автобуса со раселени лица или Срби кои веќе со години живеат низ Србија. Какви сеќавањата ги врзуваат за празникот и дали и догодина ќе го дочекаат Велигден на Косово, ако покраината добие независност, Рефки Алија ги има нивните одговори.

Српски храм на Косово
Српски храм на КосовоФотографија: picture-alliance/ dpa

Како што велат дојдоа да се потсетат на среќното и безгрижно детство, кога ова бил ден на веселба и радост, ден кога имало општонародна веселба.

“Убаво се славеше. Пред црквата имаше музика и играње. Младите момци играа. Под црквата седеа девојките убаво дотерани. И ако некој има син за женење ќе пројде покрај нив и онаа што ќе му се допадне одел да ја бара од татко и. Немало тоа момчето и девојката претходно да се забавуваат”, се сеќава Севда Вељковиќ, од селото Стајковци, едно од седумте во некогашната општина Светска, на падините на Шар Планина. Сега ситуацијата е сосема поинаква. Во селото, но и во целиот крај има малку Срби , вели Драгица Уштевиќ. Тоа значи дека нема ниту деца, ниту млади, па нема ни велигденска радост вели Драгица:

“ Празник е кога во една куќа се сллави, овој голем ден за нас, кога децат се околу нас, кога има бука и галама, кога сите се радуваат. А сега, јас со 61 година ја сум најмлада во селото. На што да му се радуваме. Децата не се со нас, нема музика, нема радост, нема смеа. Ние ќе го одбележиме и годинава, но тоа не е тоа.”

Во околниот манастир се држи велигденската богослужба. Овдешните Срби различно реагираат на прашањето каде ќе го слават идниот Велигден, ако Косово добие независност. Душан Уштевиќ се двоуми.

“Тоа не знам. Ако сите прифатат да останат,можеби ќе останеме и ние, но не знам. ”

Неговата сопруга Драгица мисли поинаку:

“Мислам дека каде и да живее некој, во било која земја, мора да ги почитува законите во таа земја. Ако го добијат тоа, се надевам дека и тие ќе бидат посмирени и ќе не гледаат со други очи”.

Момирка Недељковиќ нема да го напушти својот имот и нема да го напушти Косово без разлика каква ќе биде одлуката.

“Не одам никаде. Зошто да одам. Јас сум родена овде. Мене овде ми е убаво, а не да одам да талкам по други градови”, вели Момирка.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми