Пред три години канцеларката Ангела Меркел ја изговори едноставната но судбоносна реченица: Ќе успееме! Таа целосно ја промени Германија. Во колкава мерка она „Ќе успееме!“ од 2015 важи и во 2018 година?
Реклама
Ако во некој момент во далечна иднина Германците се присетат на ерата на Меркел и го побараат големиот наслов со кој тој период може да се нарече, тогаш големи шанси ќе има формулацијата „Ќе успееме!“. Точно пред 3 години канцеларката ја изговори оваа кратка реченица. Оттогаш е ова најпрестижниот, најмногу анализираниот и најразгледуваниот политички слоган во земјата.
Слоган кој ја промени земјата
Дали беше тоа навистина пред само 3 години? Изгледа како да поминала цела вечност. Поради тоа што оваа реченица во корен ја промени Германија и нејзината бегалска политика и политиката на доделување азил. Не институционално, не економски- туку политички, социјално и пред сѐ- ментално.
Дали успеавме од тогаш? И да и не. Речиси еден милион бегалци пристигнаа во Германија во 2015 година. Барем на почетокот тие беа топло дочекани со култура на добредојде која ја изнесоа многу доброволци, заедници, организации, цркви, здруженија. Огромно мозинство од бегалците се примени пристојно и така и самите се однесуваат. Тоа значи успеа. Но долго време, многу луѓе целосно неконтролирано влегуваа земјата, поради што градовите и општините почнаа да изразуваат загриженост дека сето тоа нема баш лесно да успее. Постоеше чувство оти државата или политиката, немаше волја ниту беше способна да обезбеди регуларен влез во земјата и безбедност.
Во меѓувреме, владата на Ангела Меркел чекор по чекор ја заостри бегалската политика. Можеби и поради тоа што не пронајде мнозинство за поинаков, полиберален курс во бегалската политика ни во Европа ни во самата Германија- па дури ни во својата партија.
Во меѓувреме, одамна веќе не се работи за политика на азил, односно прашањето колку бегалци една земја голема како Германија може да го издржи тоа во кој рок. Сега е повеќе за прашањето на летање и имиграција како поттикнувач на цел список проблеми- на кусо- во комуникацијата меѓу политиката и луѓето. Долготрајните повреди, одеднаш се изненадени: меѓу Исток и Запад, град и земја, десно и лево. Различни општествени групи едвај можат да се сложат околу прашањето која политика е правилна за бегалците. Тонот е агресивен, десничарските популисти и неонацисти го користат тоа за свои потреби. Табуата се укинати, стандардите постојано се менуваат- во текст, во мерка на размислување.
Година на бегалците
Никогаш досега не биле толку луѓе во бегство како во 2015. Голем број пристигнаа во Германија и во Европа. Тоа беше „историски тест“, рече канцеларката Меркел. Потсетување на една трогателна година.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Успеавме!
Овие млади луѓе од Сирија минаа уште една опасна етапа на нивниот пат. Пристигнаа во Грција, а со тоа и во ЕУ. Но со тоа не ја постигнаа крајната цел. Сакаат да продолжат натаму кон север, во други земји на ЕУ. Најголемиот дел од нив, во 2015, пристигнаа во Германија и Шведска.
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis
Преку Средоземното Море
Патот кој го оставија зад себе е опасен по живот. Голем број бегалски чамци потонаа или се превртија во морето. Овие сириски деца и нивниот татко имаа среќа. Тие беа спасени од грчки рибари во близина на островот Лезбос.
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis
Сликата која го потресе светот
Тригодишниот Ајлан Курди не го преживеа бегството. На почетокот на септември тој се удави заедно со неговиот брат и нивната мајка во водите на Егејот во обидот да стигнат до островот Кос. Фотографијата на мртвото дете го обиколи светот и предизвика шок.
Фотографија: Reuters/Stringer
Видливи крајности
Кос, на помалку од пет километри оддалеченост од турскиот брег е цел на бројни бегалци. На плажите, каде вообичаено одмораат туристи, пристигнаа илјадници бегалци, како оваа група од Пакистан.
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis
„Тоталниот хаос“
Но, бројни бегалци не можеа да го продолжат патот од Кос. За да заминат на копно мораа најпрво да се регистрираат. Летото состојбата ескалираше, откако властите ги сместија бегалците во еден стадион на отворено сонце и без вода, да чекаат на регистрација.
Фотографија: Reuters/Y. Behrakis
Дилемата на Европа
Речиси истовремено на север, на грчко-македонската граница, граничната полиција не им дозволуваше премин на бегалците, меѓу нив расплакани деца, раздвоени од своите родители. „Чист очај“ се вика оваа фотографија на Ѓорѓи Личовски. Таа беше прогласена за фотографија на годината од УНИЦЕФ затоа што ја прикажува „Дилемата на Европа“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Ни ваму ни таму
Кон крајот на летото Будимпешта стана симбол за слабостите на одговорните и за омразата кон странците. Илјадници бегалци кампуваа на железничката станица во унгарскиот главен град. Унгарската влада им забрани да продолжат натаму. Многумина продолжија пеш кон Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler
Отворени граници
Одлуката од 5 септември им го отвори патот на бегалците: канцеларката Ангела Меркел и австрискиот канцелар Вернер Фејман заеднички одлучија да ги отворат границите. Со возови и автобуси бегалците беа пренесени во Виена и Минхен.
Фотографија: picture alliance/landov/A. Zavallis
Селфи-канцеларка
И додека бегалците со одушевување ја поздравуваа канцеларката, во Германија се ширеше незадоволство. На критиките Меркел одговори: „Доколку сега треба да се извинуваме затоа што покажуваме пријателско лице во една тешка ситуација, тогаш ова повеќе не е мојата земја“. Реченицата „Ние ќе успееме“, стана нејзина мантра.
Фотографија: Reuters/F. Bensch
Приказни во багажот
Кон крајот на септември германската полиција објави една потресна слика, која девојче бегалец му ја подарило на полицаец во Пасау. На неа се прикажани стравотиите кои ги преживеале многу бегалци, и нивната радост по пристигнувањето на безбедно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bundespolizei
Драмата продолжува
До крајот на октомври во Германија пристигнаа над 750 илјади бегалци. Но бранот не престанува. Земјите од ткн. балканска рута се пренатрупани. Ги затворија границите. Само Сиријци, Авганистанци и Ирачани смеат да минат. Во знак на протест некои бегалци си ги зашиваа усните.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski
Крајот не е на повидок
„Помогни ни, Германијо“, пишува на плакатите на овие луѓе на границата со Македонија. Зимата пристигна во Европа, а илјадници бегалци, меѓу нив и многу деца, останаа на ничија земја. Во меѓувреме и Шведска- земја на која се надеваа бегалците- воведе гранични контроли. Во 2016 година, ЕУ очекува уште три милиони бегалци.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
12 фотографии1 | 12
Кој мислеше „ние“?
Не е мал бројот на оние, кои реченицата на Ангела Меркел „Ќе успееме!“ ја толкуваат така што велат: „Под она 'ние', кои требаше да успееме, таа не мислеше на сите нас!“ Главниот товар на политиката за азил мораа да го понесат полицајците градовите и општините, жителите во близина на прифатилиштата за бегалци. Но, сигурно не и сојузните политичари во Берлин во нивната кула од слонова коска. А потоа тоа меѓу народот беше сфатено вака: политичарите не се заинтересирани за нас, обичните граѓани. Не се заинтересирани да видат како се справуваме со глобализацијата, со ситуацијата на работното место, со социјалната несигурност.
На слоганот „Ние можеме да го сториме тоа!“ затоа треба да му ги додадеме и овие прашања: Дали општеството, политиката, здруженијата, политичарите и граѓаните ќе успеат да стапат во конструктивни разговори едни со други? Дали ќе се согласиме за централните теми и столбовите на нашиот општествен поредок, кои сите би требало да ги ценат? Ќе имаме ли заеднички став за владеењето на правото, демократијата, социјалната рамнотежа? И за иднината на бегалската политика? Сосема е возможно ова да е многу потешко да се постигне од сложеното прифаќање и интеграција на бегалците.
Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката
Која е Ангела Меркел? Новинарот на Ројтерс, Андреас Ринке ја анализира германската канеларка во својот „Лексикон“. Тој го следи нејзиниот живот со цел да прикаже појасна слика за една од најмоќните жени во Европа.
Фотографија: dapd
„Триаголникот на моќта“
Меркел стана препознатлива по користењето на истата гестикулација пред камерите и при нејзините јавни настапи. Начинот на кој канцеларката ги спојува прстите на дланките некои го нарекоа „Меркелин ромб“, а други „триаголник на моќта“. Дали тоа го прави свесно или е само рутинска гестикулација од навика, е прашање што ги збунува современите критичари и новинари. Што таа сака да каже со тоа?
Германската канцеларка на европскиот политички паркет е позната по својот суверен, ангажиран и навидум опуштен изглед. Иако понекогаш знае да се насмее во вистинското време, на последниот европски лидерски самит во Братислава, таа беше повеќе воздржана. Од нејзината лева страна е данскиот премиер Ларс Локе, а од десната страна премиерот на Белгија, Шарл Мишел.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Hoslet
Селфи со канцеларката
Меркел се најде во центарот на вниманието со нејзиниот одговор на бегалската криза. На дилемите околу тоа може да се одговори доколку предвид се земат елементи од нејзиниот личен живот, како што тоа го прави Ринке во својата книга. Таа често посетува училишта и прифатни центри за бегалци, а притоа одвојува време и за селфи, како овде, во 2015 година, со сирискиот барател на азил Анас Модамани.
Фотографија: Getty Images/S. Gallup
Жонглер во коалицијата
Како канцеларка и претседателка на ЦДУ, Меркел понекогаш се соочува со потешкотии да остане обѕирна кон сите нејзини „деловни“ партнери. Таа не реагира чувствително како што тоа го прави нејзиниот коалиционен партнер Зигмар Габриел од СПД. На нападите од лидерот на баварската ЦСУ, Хорст Зехофер кој е „архетипичен баварец“, таа одговара со студена објективност.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. von Jutrczenka
Љубопитност за дигиталната ера
За школуваниот физичар Ангела Меркел се вели дека светот на интернетот и дигиталните медиуми ѝ е релативно непознат, иако нејзиниот тим сега има Инстаграм профил, кој го одржува нејзиниот официјален фотограф. Сепак, тоа не ја сопре да го зграби вниманието на основачот на Фејсбук Марк Закерберг за време на работен ручек во Обединетите нации во 2015 година.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ќерка на свештеник
Како ќерка на протестантски свештеник, вредностите на Меркел, според Ринке, биле обликувани согласно нејзиното христијанско воспитување. Во 2016 година, таа имаше приватна средба со папата Франциско во Ватикан. За време на средбата тие разговарале за нивните омилени книги.
Фотографија: Reuters/A. Pizzoli
Здравица за пријателски политички релации
Меркел не е позната по тоа дека често се опушта. Сепак, иако ретко поради нејзините работни обврски, прославите на кои учествува таа се организирани со стил. Во 2013 година, во чест на 50-годишнината од склучувањето на Елисејскиот договор меѓу Германија и Франција, Меркел го покани целиот парламент да наздрават со шампањ за пријателските односи помеѓу двете земји.
Фотографија: AP
Моменти на приватност
Канцеларката добива малку слободни моменти за одмор, а и кога е на одмор, како што е прикажано на сликата (во Полска), таа не може да им избега на љубопитните очи на јавноста. Нејзиниот сопруг Јоахим Зауер (на фотографијата прв од лево) ретко е во центарот на вниманието.