Ќе ја проба ли Заев супата на Меркел?
20 февруари 2018Реклама
Македонската делегација во Берлин предводена од премиерот Заев ќе има и заеднички ручек со германската канцеларка во нејзиниот кабинет. Ангела Меркел не е позната како голема домаќинка, но во германската јавност веќе подолго време кружи рецептот за нејзиното омилено јадење: супа од компири. Оттука оваа супа во меѓувреме го доби и името „Супа а ла Меркел“ или „канцеларска супа“. Тешко е да се верува дека германската канцеларка ќе ги засука ракавите и на гостите од Македонија ќе им приреди мало кулинарско изненадување, но добрата вест е дека рецептот за омиленото јадење на Меркел е многу едноставен и најважно- се подготвува многу брзо: