1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ангела Меркел на условно вледеење

Јенс Турау/ превод: СН5 август 2016

Во последните анкети Ангела Меркел доби јасен жолт картон за нејзината политика кон бегалците. Но некој друг на нејзината функција, германските граѓани засега не можат да си замислат. Коментар на Јенс Турау.

Фотографија: picture-alliance/dpa/W.Kumm

Ова ќе ја поттикне на размислување дури и канцеларката, за која се вели дека не придава големо значење на испитувањата на јавно мислење: 65 насто од испитаниците се незадоволни од нејзината политика кон бегалците и азилантите- 7 проценти повеќе отколку во април. Што е причината за тоа, е видливо на едно друго место: меѓу претходните анкети и оваа актуелната се случија исламистичките напади во Вирцбург и Ансбах како и убиствата во Минхен. Оттогаш задоволството од работата на канцеларката опадна од 59 на 47 проценти. А оној кој најостро ја критикува, претседателот на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), Хорст Зехофер, популарноста му порасна за речиси исто толку колку и на канцеларката и сега речиси се изедначи со својата соперничка. Во цела Германија, не само во Баварија!

Јасен тренд: Ве молиме, сфатете ги сериозно нашите грижи!

Секако, убиствата во Минхен немаат никаква врска со бегалската политика на Меркел. А другите двајца исламистички атентатори, кои сторија злосторства во Вирцбург и Ансбах, веќе долго беа во земјата, а не дури откако Меркел- како што велат нејзините критичари- ги отвори ширум вратите. Но несигурноста кај луѓето е сега видлива: 76 насто од испитаниците, значи големо мнозинство, се плаши од нови напади во Германија. Владее чувство дека канцеларката не ги разбира сериозно грижите на луѓето. За тоа е виновен и нејзиниот политички стил чие главен е чекањето. Дури неколку дена по нападот Меркел се врати во Берлин од годишен одмор и излезе пред новинарите. Тоа покажува дека: таа има силни нерви и сака да спречи хистерија. Но тоа за луѓето можеби сепак беше премногу.

Јенс Турау

Самрак на боговите? Не баш...

И сега што? Самрак на боговите за канцеларката од ЦДУ, 11 години по доаѓањето на власт?. Не, овие бројки не упатуваат на такво нешто. Луѓето очигледно многу добро ги согледуваат работите. Истиот тој Хорст Зехофер, чија популарност значително порасна, истотака добива предупредување и критики од граѓаните. Имено 64 насто од испитаниците вели за ЦСУ дека сопствените интереси и' се поважни од успехот на Владата.Тврдоглавите приговарачи никогаш не поминуваат добро.

Но, без разлика на сѐ, дури и ако критиката на сметка на Ангела Меркел расте: германските граѓани очигледно не гледаат алтернатива за оваа жена на канцеларската функција. Политичкото расположение останува непроменето и покрај намалувањето на популарноста на Меркел. Ако сега би се одржале сојузни парламентарни избори, ЦДУ и ЦСУ повторно би добиле 34 насто од гласовите. Десно популистичката Алтернатива за Германија (АфД) не профитира од зголемениот страв од тероризам и останува на 12 отсто, за што сигурно придонесоа и нејзините јавни кадровски препукувања. Со други зборови: испитувањето на јавното мислење вели: жолт картон, владејте и понатаму госпоѓо Меркел, но отсега сте на условно. И сфатете дека ние, граѓаните, сме загрижени.

Јасен суд за Ердоган

За Меркел би можело да биде непријатно и ако продолжи (а така изгледа) со опстојувањето на договорот за бегалците со Турција. Луѓето единствено го осудуваат тоа што сега се случува во Турција. 90 насто од нив смета дека таму е загрозена демократијата. И бараат од Германија јасен курс: во случај на нужда Меркел треба да го раскине договорот и во никој случај нема укинување на визите за Турција. Тоа го велат 70 отсто од испитаниците.

Единствено, нема никој кому луѓето би му го довериле земањето на уздите в раце наместо канцеларката. Но Ангела Меркел повеќе не би требала премногу да се потпира на тоа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми