1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Џака и Шаќири без политички сензибилитет

ЖА/ печат
23 јуни 2018

Швајцарските фудбалски репрезентативци победата против екипата на Србија ја проследија со гестот - албански двоглав орел. Дали провокацијата ќе биде казнета, прашуваат весниците на германски јазик.

Russland WM 2018 l Serbien vs Schweiz – 1:2 Tor Xherdan Shaqiri
Фотографија: Getty Images/C. Rose

Гранит Џака и Џердан Шаќири со своите гестови ги провоцираа српските гледачи. Тие ја подгреваат дискусијата во врска со швајцарската репрезентација, која се сметаше за завршена или барем ублажена, пишува Ноје цирхер цајтунг:

„Џердан Шаќири и Гранит Џака, двајцата најталентирани играчи на оваа генерација на швајцарскиот фудбал, со два гола натпреварот во Калининград го решија во корист на својот тим. Никој во оваа репрезентација не игра како нив. Но, нивната политичка сензибилност и општествената свест се неразвиени. Требаше да пуштат вечерва да зборува само фудбалот. Но, прославувајќи ги головите, тие зборуваа со своите раце, со култниот код кој српските гледачи на стадионот и на ТВ сигурно го сфатија за провокација. Џака и Шаќири покажаа со прсти двоглав албански орел, а тоа е националистички гест и тоа во натпревар кој ионака беше напнат и со предзнак на висок ризик.  Србите и Албанците немаат добри односи, а фудбалерите тоа го знаат.

Двоглав орел- провокација на српските навивачиФотографија: REUTERS

Делегацијата на Швајцарија со денови елегантно ја избегнуваше темата, посебно тренерот Владимир Петковиќ, кој ги игнорираше сите политички нијанси. Неговите играчи на теренот требаше да се однесуваат како и тој. Но, гестовите не беа непромислени. Џака изјави дека така сакал да се заблагодари на сите луѓе кои го поддржувале. А само ја подгреја дискусијата за која сите сметаа дека е завршена. Во ноември 2014. година Советот на играчите на швајцарската репрезентација реши во иднина да постои воздржаност од такви гестови. Сега мора да се констатира: работата на сензибилизација во репрезентацијата немала траен ефект, иако вакви сигнали со раце извесен период немаше. Но, времињата уште се такви што на пример 'Велтвохе' пишува дека националниот тим на Швајцарија е 'трупа ветерани, странски платеници главно од Балкан, збогатена со неколку швајцаризирани Африканци.' Тоа звучи како провокација. Џака и Шаќири во Калининград можеа да одговорат попаментно, а не и самите да провоцираат,“заклучува Ноје цирхер цајтунг.

Шпигел онлајн пак пишува:

„Во текот на 52 минути од натпреварот, навивачите од Србија го исвиркуваа Гранит Џака. А потоа Швајцарецот целата фрустрација и бес ја истресе во долгата топка која доведе до израмнување на резултатот. Прославувајќи го голот, тој со рацете го прикажа албанскиот двоглав орел. Тоа беше сцена на вечерта, но не затоа што голот беше навистина убав, туку поради прилично мрачниот изглед на Џака, кој и на последниот гледач му даде на знаење дека ова е повеќе од игра, дека на оваа утакмица станува збор за нешто друго, а не само за бодови на Светското првенство. Сознанието на вечерта е: сѐ е политика. Швајцарските репрезентативци во Русија својата победа против Србија ја прославуваа со албански гест. Нејасно е дали оваа акција ќе има последици. Нормално е дека ФИФА не толерира политички пораки на стадион. Времињата се компликувани, барем како и табелата во групата Е“, пишува Шпигел онлајн.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми