1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џасинда Ардерн: Нема бегање од тешки дебати и одлуки

Иан Џонсон
23 март 2019

Иако стекна светска слава по трагедијата во Крајстчрч, Џасинда Ардерн стана премиер со пркосење на стигмите: одеше босонога, стана мајка додека беше на функција и се залага за менталното здравје.

Neuseeland Jacinda Ardern
Фотографија: Reuters/TVNZ

По шеснаесет месеци на премиерската функција на централно-левичарската националистичка коалиција, поддржана од зелените, 39 годишната Џакинда Ардерн сега презема акција против лобистите на оружје, ветувајќи дека „сите наизглед воени полуавтоматски оружја" ќе бидат забранети во Нов Зеланд – инаку туристички рај и земјоделска нација со репутација како еколошка, мирна и лежерна. Ова не се теми кои политичките „спин доктори" во популистичката ера може да ги препорачаат за привлекување гласови кај широките народни маси. Но, Ардерн познавајќи ја гордата мултиетничка традиција на Нов Зеланд и нејзиниот скриен расистички тон и проблематично минато, влезе во политиката со само 17 години и никогаш не бегала од тешки дебати. Поранешните нејзини кампањи вклучуваа повици за поодговорно општество кое ќе работи на подобрување на несигурноста и да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните од последниве декади.

Ја нема вообичаената насмевка

На отворањето на комеморативната седница во вторникот, Ардерн започна со муслиманска мировна порака во сеќавање на 50 луѓе кои беа убиени во нападот во двете џамии во Крајстрч, град кој се уште се опоравува од големиот земјотрес од 2011 година. Меѓу жртвите од терористичкиот напад се и четири деца на возраст од 3, 4, 14 и 16 години. Во 120-члениот парламент, Ардерн им оддаде голема почит на двајцата преживеани кои му се спротивставиле на напаѓачот, кој полицијата подоцна го уапси. Таа изјави и дека никогаш нема да му го спомене името на убиецот во јавност, за да не ја постигне целта што ја посакувал.
Прекирена со црн шал во понеделникот, Ардерн го посети во Велингтон и секретаријатот на Федерацијата на исламската асоцијација во Нов Зеланд, која обединува осум муслимански заедници, вклучително и Оукленд, што е нејзината изборна единица.

Фотографија: Reuters/J. Silva

„Го посетив Крајстчрч, и мојата примарна цел таму беше во името на Нов Зеланд да испратиме порака за сочуство и солидарност со вашите браќата и сестри",  порача таа во федерацијата.

Во неделата таа ја информираше државата, која се наоѓа на околу 2000 километри источно од Австралија, со детали за погребот и безбедносните подготовки ветувајќи и дополнителна поддршка со психолози за семејствата и преживеаните.

Тоа ја отсликува нејзината клучната изборна заложба на изборите во 2017 година, за да го поправи она што го нарече „огромен јаз" во услугите за ментално здравје преку инвестирање на милиони во „работниците од првата линија" наместо да го туркаме „амбулантното возило на работ на бездната".

Повеќе:

-Кој го повлече чкрапалото во Нов Зеланд?!

-Нов Зеланд: Никогаш повеќе полуавтоматско оружје!

-Крајстчрч: Митот за волкот-самотник

На Светскиот економски форум во Давос во јануари годинава Адерн седеше со британскиот принц Вилијам и на светот му кажа дека во Нов Зеланд, кој е познат по својата природа и светлина што ги маѓепсува фотографите, се случуваат самоубиства, дел од нив и меѓу млади лица.
„Еден од тажните факти за Нов Зеланд е што секој познава некој кој си го одзел животот. Ние сме мала земја со помалку од 5 милиони жители, но минатата година преку 600 лица извршиле самоубиство," изјави Ардерн пред публиката во Давос.
„Изгубив пријатели и не би требало многу за да најдам во Кабинетот и други кои истото го доживеале."

Ардерн е порасната во Ваикато, на вулканскиот дел од Норд Ајленд, недалеку од локацијата каде е сниман филмот Господар на прстените. Нејзиниот татко бил полициски офицер, нејзината мајка кетеринг асистент во училиште. Ардерн студирала политички науки на универзитетот во Ваикато во Хамилтон. Најпрво била практикант кај Хелен Кларк, поранешниот премиер од редовите на Лабуристите, и потоа директор на развојната програма на ОН во ерата на Тони Блер. Во новозеландскиот парламент влезе во 2008 година.  

Опозицијата и го довери портфолиото за темите деца, жени, млади, правда и културно наследство и таа го крена својот углед кај самите Лабуристи пред да се кандидира и да ги добие изборите во Маунт Алберт во Оукленд. Таквата победа во март 2017 уште повеќе ја извлече во фокусот на јавноста. Седум недели пред изборите во Нов Зеланд, во септември 2017 година, лидерот на Лабуристите Ендру Литл и сегашен министер за правда, на Ардерн и го понудил раководството на партијата оддавајќи признание на нејзиниот талент и признавајќи го поразот на неговиот тим на претходните избори. Таа прифати и потоа меѓународните медиуми говореа за „ефектот Џасинда." Таа наскоро ја презентираше идејата за оданочување на богатите, политика која сеуште ја нема имплементирано. Во октомври 2017 година стана најмладиот премиер во историјата на Нов Зеланд.

Фотографија: picture-alliance/dpa/AAP/B. Jancic

Гостин на Ваитанги

Во февруари 2018 година додека беше бремена, Ардерн пет дена гостуваше на Ваитанги, северно од Оукленд. Тоа е местото на кое во 1840 е склучен договор кога домородните Маури се судриле со поранешните премиери заради често пати бруталните населување на Британци во 19. век и договорите за доделување земја.

„Барајте од нас отчетност," рече таа мислејќи на минати и идни влади, „бидејќи еден ден сакам на моето дете да му кажам дека сум си го заслужила правото да стојам тука. И само вие можете да ми потврдите дека е тоа така."

Ардерн и нејзиниот партнер Кларк Гејфорд, кој е ТВ водител, се појавија на Генералното собрание на ОН минатиот септември заедно со нивната ќеркичка Нев Те Ароха, чие име е мешавина од ирски и јазикот на Маврите. Премиерката пред ОН се залагаше за мултикултура и за напорите за справување со климатските промени, клучна тема за Зелените кои ја поддржуваат нејзината влада за битни гласања за буџетот. По масакрот во Крајстчрч, Ардерн во разговор со претседателот на САД Доналд Трамп поентирано нагласи колку многу ја цени различноста и посочи дека се добредојдени симпатии и љубов кон муслиманите.

Прво прослава, после трагедија

Ардерн минатиот петок присусутвуваше на полифестот во Оукленд, прослава на различните „пацифички” и „азиски” култури во наизглед претежно „европската” нација, каде 42 проценти од децата се идентификуваат со две, три или повеќе потекла преку нивните родители и баби и дедовци.

Фотографија: Getty Images/H. Hopkins

Таа тукушто ги беше посетила своите родители во Ниу каде што татко и долго време служел како висок комесар на Нов Зеланд. „Отидовме за да разговараме за фантастичната работа што се прави како на пример обновливите извори на енергија и заштитата на морскиот свет," рече Ардерн. Само неколку часа подоцна напаѓачот идентификуван како 28-годишен австралиски белец националист ги нападна верниците во џамија во Крајстчрр за време на петочната молитва.

Ардерн се врати во Велингтон и со трепет во гласот првично ја информираше нацијата околу детали за масакрот. Потоа во улога на министер за национална безбедност и разузнавање таа го свика Одеск, тајниот новозеландски комитет за кризна координација. Кога се појавија прашањата дали снајперистот оперирал сам или имал поддршка од десноекстремисти и како тајните служби успеале да го превидат, антропологот Ен Салмонд нашиша дека "скриениот расизам” во Нов Зеланд мора да биде заменет со „различни и подобри начини да се биде Новозеланѓанец”. "Чувството на супериорност на белата раса се истура врз Маврите кои се домородни луѓе во змјата, па потоа и врз сите други групи од Пацификот, од Азија и сега и на Муслиманите од Крајстчрч," пишува Салмонд во текст кој беше објавен во повеќе весници во Нов Зеланд. За да докажат дека се отворени, граѓаните во неделата организираа бдеења на кои учествуваа 12 илјади лица на стадионот познат по меѓународните мечеви во крикет, а настанот беше проследен и од Националниот симфониски оркестар. Во солидарноста многумина се обединија.

„Јас сум горд граѓанин на Нов Зеланд со муслимански корени кој не можел да има поголем благослов во животот од ова што сум опкружен со вакви убави души и нивната поддршка. Благодарам Аотароа," напиша на Твитер на јазикот на Маврите една млада жена уметник од Велингтон, алудирајќи на Нов Зеланд. Сајмон Бриџес, лидерот на опозициската партија и поранешен министер за внатрешни работи Џудит Колинс која беше фотографирана во 2014 на стрелиште и во 2017 се противеше на промена на законите за огнено оружје, изјавија дека сега би ја поддржале намерата на Ардерн за забрана на полуавтоматски оружја.

„Се се смени во петокот," изјави Бриџес пред новинарите во парламентот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми