Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери во интервју за српската новинска агенција Бета денеска се осврнува на актуелните запаливи изјави во односите меѓу двете земји.
Реклама
Спикерот на македонскиот парламент денеска порача дека Собранието и тој се отворени за соработка со институциите на Србија и оцени оти запаливите изјави на политичарите „во секој случај придонесуваат кон влошување на односите“ меѓу двете земји. „Тие изјави придонесуваат кон влошување на односите, најнапред индивидуално меѓу претставниците на институциите, а тоа, се разбира, преку пропагандата ги допира и односите меѓу народите односно граѓаните на државите во регионот. Во секој случај би требало да се биде одговорен во контекст на изјавите, кои се даваат за своите колеги во други држави“, изјави Џафери во интервју за српската новинска агенција Бета.
Во однос на изјавите на српските официјални претставници дека албанските политичари во регионот се закана за мирот и стабилноста не само на Западниот балкан туку и во Европа, Џафери изјави дека смета оти „ од политички аспект не е умесно политичките претставници на народите да се оквалифукуваат еден со друг на таков начин“.
Тој, во интервјуто уште истакна дека „во принцип, како претседател на Собранието не се впушта во коментарите на претставници на други држави, бидејќи „парламентот е институција, која треба да ги обединува сите политички сили и во земјата и во меѓународен контекст“, но и оти коментарите на српските државници „само придонесуваат кон пропагандата“.
Џафери истакна дека српските и македонските политичари би требало повеќе да комуницираат, без оглед на разликите.
„Моја препорака е повеќе да комуницираат меѓусебно, без оглед на тоа колку различно размислуваат за определени работи“, изјави претседателот на македонското Собрание за српската новинска агенција Бета.
Сведоштва за „крвавиот четврток“ во македонскиот парламент
Невидени хаотични слики: Откако мнозинството пратеници го избра пратеникот на ДУИ Талат Џафери за претседател на Собранието, на противење на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, во законодавниот дом упадна толпа насилни луѓе.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Навала пред вратите на Парламентот
По изборот на Талат Џафери за нов претседател на Парламентот, од иницијативата „За заедничка Македонија“ ги повикаа граѓаните да излезат уште помасовно на протест, со цел да ја спасат државата од, како што истакнаа, влегување во сценарио од кое нема враќање назад. Толпата почна да притиска кон вратите на Собранието за да влезе во него.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Слабо присуство на полицијата
Неколку големи групи граѓани влегоа во парламентарната зграда, во пленарната сала, во фоајето и во други простории на парламентот, откако полицијата не го спречи првиот бран од граѓани кои протестираа против изборот на нов претседател на Собранието.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Незапирливо „заземање“ на Парламентот
Меѓу оние кои упаднаа имаше и маскирани лица со качулки, кои фрлаа столици во собраниските простории и медиумска опрема.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
„За заедничка Македонија“ во Собранието
Во закондавниот дом завладеа хаос. Тука беа организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, тука беа и министри и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Grdanoski
Знамиња и песни
Дел демонстранти ја „зазедоа“ и Пленарната собраниска сала, каде што пееја песни и вееја знамиња.
Фотографија: picture-alliance/abaca/B. Ademi
Напади врз пратениците на СДСМ
Демонстранти навлегоа и во прес-центарот, каде што беа пратениците на СДСМ и ДУИ и почнаа да ги тепаат со столови и со сè што ќе им дојде до рака. Крвнички напаѓани беа Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Радмила Шеќеринска, Хари Локвенец, Зијадин Села. Полиција немаше.
Фотографија: picture-alliance/abaca/N. Batev
Полицијата се „разбуди“
По повеќе од еден час по почетокот на инцидентите, полицајци влегоа во Собранието и се обидоа да ги извлечат пратениците од прес-центарот, но беа избркани од толпата што ги држеше како заложници. Толпата се забарикадира во прес-центарот.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Евакуација на повредените пратеници
Некаде пред 22 часот дојдоа и специјалци, па почнаа да се обидуваат да ги вадат повредените од забарикадираниот прес-центар.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Извлечени пратениците
Кратко пред полноќ пратениците од парламентарното мнозинство беа извлечени од Собранието, а пред него и понатаму останаа насобраните демонстранти.
Вкупно стотина лица се повредени, од кои четворица се пратеници. Целото Собрание е демолирано, тврдат новинари, од кои дел исто така беа напаѓани.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Шатори пред Собранието
Припадници на движењето „За заедничка Македонија“, кое ги предводи демонстрациите, кои синоќа прераснаа во безредија и насилство, поставија шатори пред Собранието и најавија дека ќе останат таму „колку што е потребно“, за да ја „одбранат Македонија“.