1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џихадистите линчувале стотици Сиријци

ЖА/дпа/афп/ртре17 август 2014

Терористичката милиција „Исламска држава“, која оперираво Ирак и во Сирија, продолжува со своите злодела.Во источниот делод земјата за две недели биле убиени околу 700 луѓе, тврди опозицијата.

Фотографија: Reuters

Припадници на исламистичката организација „Исламска држава“ во последниве две недели во источниот дел на Сирија убиле околу 700 лица, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија.

Според Центарот, ликвидираните лица, на кои во најголем број им биле отсечени главите, биле припадници на племето Ал Шејтаат. Од нив само околу сто биле членови на племенската вооружена формација, додека останатите биле цивили. Сите убиени биле жители на неколку села во провинцијата Дејр ал Зур, која е под контрола на „Исламската држава“, а која е богата со нафта. Водачот на племето Ал Шејтаат, кое брои околу 70.000 лица, шеикот Рафа Акла ал Раџу објави видео порака во која ги повикува сите локални племиња да се здружат во борбата против џихадистите.

„Ги повикуваме другите племиња да застанат покрај нас, бидејќи тие се следните цели на ’Исламската држава’“, нагласи Раџу во пораката.

Поведена од свирепостите на џихадистите, сириската опозиција ги повикаа САД, покрај во Ирак, да извршат бомбардирања на позициите на „Исламска држава“ и во Сирија. Непријателот во Ирак и во Сирија е истиот, изјави претседателот на Националната сириска коалиција Хади ал-Бахра, кој престојува во Истанбул. Против радикалните исламисти не смее да се применува двоен аршин, ситуацијата во Сирија треба да се третира исто како и онаа во курдската област воИрак, бара сирискиот опозиционер. САД со денови ги бомбардираат позициите на џихадистите во Ирак, со цел да ги заштитат своите државјани и бегалците.Терористичката милиција прогласи калифат во областите кои ги освои во Ирак и во Сирија и ги убива религиозните малцинства кои не сакаат да ги прифатат правилата на радикалниот ислам.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми