1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џо Бајден е фит, Камала Харис кратко шефица во Белата Куќа

СН/агенции
20 ноември 2021

Џо Бајден денеска го слави својот 79-ти роденден. Тој стапи на функцијата како најстар претседател на САД на сите времиња и сега ги претстави резултатите од неговата здравствена проверка за првпат во неговиот мандат.

Џо Бајден при излегувањето од болницата Волтер Рид, каде му беше извршена колоноскопија
Џо Бајден при излегувањето од болницата Волтер Рид, каде му беше извршена колоноскопијаФотографија: Michael Reynolds/Pool via CNP/picture alliance

Американскиот претседател Џозеф Бајден излезе вчера од болницата Волтер Рид, во близината на Вашингтон,  по систематскиот преглед за кој на новинарите им рече дека поминал „многу добро“.

„Се чувствувам одлично“, изјави Бајден додека излегуваше од болницата.

Докторот на Бајден, Кевин О'Конор, во писмо од шест страници објавено од Белата Куќа соопшти детали за здравствената состојба на шефот на државата и врховен командант на вооружените сили на САД : „Претседателот останува здрав, силен, 78-годишен човек кој е способен успешно да ги извршува претседателсските должности“.  Лекарот детално наведува различни тестови и рутински прегледи кои ги поминал Бајден - вклучително и колоноскопијата под целосна анестезија.

Токму поради колоноскопијата, Џо Бајден мораше, како што налага Уставот, да ѝ ги пренесе претседателските овластувања на потпретседателката Камала Харис.

Речиси час и половина, Камала Харис имаше претседателски овластувањаФотографија: Evelyn Hockstein/AP/picture alliance

Овој пренос на овластувањата траеше точно еден час и 25 минути, колку што траела анестезијата.

Камала Харис така, за кусо време, стана првата жена која имала претседателски овластувања во САД.

Бајден, кој денеска полни 79 години, е најстариот претседател на САД. Тој порано вети дека ништо нема да крие за својата здравствена состојба и редовно ќе ги објавува резултатите од систематските прегледи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми