1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

1 загинат Палестинец во израелски напад во појасот на Газа

3 ноември 2007

*

Во израелски воздушен напад врз позиции на Хамас во појасот на Газа загина најмалку еден активист на радикалното палестинско движење а повеќемина беа повредени. Портпарол на израелската армија соопшти дека нападот кој бил извршен во регионот меѓу граддовите Кан Јунис и Рафах преставувал одговор на палестинскиот ракетен напад извршен врз израелска територија неколку часови претходно. Вчера палестинскиот претседател Махмуд Абас , оствари срдба со претставници на Хамас во појасот на Газа , за првпат откако радикалното движење насилно ја презема контролата врз оваа палестинска автономна област. Притоа Абас нагласил дека дијалогот со Хамас може да започне дури откако тој ќе ја предаде власта врз појасот на Газа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми