1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

10 години ангажман на Бундесверот на Косово

Анила Шука19 ноември 2008

Пред точно десет години германскиот Бундестаг одобри испраќање на германски војници во мисијата на Косово. Со почетокот на оваа мисија расте влијанието на Бундесверот на надворешно-политички план.

Војници на Бундесверот на КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

Како младо момче Рудолф Шлафер често престојуваше во Југославија. Подоцна се вљуби во жена која е со потекло од Југославија. Тогаш не можеше ни да претпостави дека токму на тие простори ќе пристигне како војник.

Во летото 1995-та година, за време на една приватна посета на Србија, тој имал можност да види илјадници бегалци од Краина, во Хрватска, кои оделе кон Србија. Непосредно потоа, тој како војник во рамките на мисијата СФОР отишол во Босна и Херцеговина за да го обезбедува мирот предвиден со Дејтонскиот договор. По мисијата во Босна накратко се вратил во Германија. .

Од последната посета на германскиот министер за одбрана Франц-Јозеф Јунг(во средина) на КосовоФотографија: Refki Alija

Политичка војна

Набргу потоа го испратиле на Косово, непосредно по војната на НАТО против Југославија, во која за првпат по Втората светска војна учествуваше и Германија:

„Имаше многу причини да си го поставам прашањето дали е оправдано тоа што го правам? Студирав право и за време на студиите постојано си повторував дека меѓународното право е обврзувачко за нашиот устав и оти без мандат од ОН, Германија не смее да учесувува во војна.“

Шлафер се присетува на телефонскиот разговор кој го водел со својот професор по меѓународно право.

Тој рече: “Вие знаете дека оваа војна е проблематична и оти е во спротивност со меѓународното право. Но, станува збор за различни димензии - политика и право. Во овој случај станува збор за политика.“

Меѓутоа, воената мисија на Косово и политички беше многу проблематична. Во германската јавност воените мисии вон териториите на државите членки на НАТО до крајот на Студената војна беа незамисливи, особено онаму каде што за време на Втората светска војна германската армија извршила злосторства. .

Сцена од воздушните напади на авионите на НАТО врз БелградФотографија: AP

Бундесверот го подобри својот имиџ

Денес, десет години подоцна, 38-годишниот офицер Шлафер, по налог на Воено-историскиот завод на Германија ја истражува историјата на германските вооружени сили.

„Како историчар сметам дека Балканот, а пред се’ војната за Косово, претставува развој на Бундесверот кон нормалност. Тоа значи напуштање на концепцијата на армија каква што беше Бундесверот во летаргијата на Студената војна, во која моќта на одвраќање на опасноста функционираше под закана за нуклеарно уништување.“, истакнува Шлафер.

Таков развој беше неизбежен. За да си обезбеди важно место во светската политика по нејзиното обединување, Германија мораше да учествува во мултинационалните воени мисии во странство.

„Оној кој денес сака да биде на меѓународната сцена, мора да биде во состојба да проектира воена власт“, вели Шлафер.

Според него од почетокот на мисијата на Бундесверот на Косово, на Германија и на нејзината армија значително им порасна влијанието на надворешно политички план.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми