1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

10 години АфД: крајно-десничарски „контраши”

Фолкер Витинг
6 февруари 2023

АфД - десна, радикална, успешна. Од партија настаната како протестно движење против еврото, прерасна во партија за која има сомневање дека е десноекстремистичка.

Алтернатива за Германија
Алтернатива за ГерманијаФотографија: Rolf Vennenbernd/dpa/picture alliance

Од гледна точка на Алтернативата за Германија (АфД) за нивниот јубилеј имаат многу што да слават: партијата од 2017 година е застапена во Бундестагот и во меѓувреме и во 15 од вкупно 16 покраински парламенти. Според актуелните анкети, за АфД се изјасниле 13% од испитаниците, а во некои ос источните покраини процентот е многу повисок. 

„АфД стана составен дел од германскиот партиски систем во кој претходно болно недостигаше децидно слободарски-конзервативна сила", напиша копретседателката на АфД, Алис Вајдел на прашање на ДВ. 

Екстремистичка, антисемитска и расистички настроена" 

На 6 февруари 2013 партијата официјално беше регистрирана. АфД стана собиралиште за луѓе со десни ставови кои се отклонија од Демохристијаните, а за кои помалите десничарски партии сепак беа преекстремни. АфД од тогаш до денес од „квази професорска партија” се разви во „сѐвкупно десноекстремна партија”, која денес е „екстремистичка, антисемитска и расистички настроена”, вели политикологот Урсула Минх во интервју за ДВ. 

Во нејзините почетоци АфД беше еврокритична партија која жестоко ја критикуваше тогашната политика за спасување на еврото на канцеларката Ангела Меркел. Во септември 2012 како претходница на АфД беше основана „Гласачка алтернатива 2013”. Професорот по економија Бернд Луке, новинарот Конрад Адам и поранешниот член на ЦДУ Александар Гауланд од неа ја формираа Алтернативата за Германија, или скратено АфД. 

Основачки конгрес на АфД: Конрад Адам, Бернд Луке и Александер ГауландФотографија: Marc Tirl/dpa/picture alliance

Радикализација од 2015 година 

Во партијата од сам почеток имаше три струи: економско-либерална, националконзервативна и деснопопулистичка. Двајца од тројцата основачи одамна и` го свртеа грбот на партијата. И тоа е своевидна константа во АфД: честата промена на раководството. Минх за ДВ оценува дека „партијата е претежно раскарана и интерно постојано има битки меѓу раководството и базата”.

АфД на почетокот настапи со пазарно-либерална економска програма. Радикализацијата на партијатапочнува кога во 2015 година стотици илјади бегалци доаѓаат во Германија, барајќи заштита од војната во Сирија. Основачот Гауланд еднаш тој период го нарече „подарок” за партијата. Тонот против владата на Меркел стануваше сѐ поостар. Тогашната претседателка на партијата, Фрауке Петри, се залагаше за тоа ако биде потребно бегалците и со примена на насилство да се спречат да ја поминат границата. Петри исто така со години веќе не е дел од АфД. 

Од економско-либерална до десна и крајно десно позиционирана 

На почетокот на јуни 2018 година тогашниот претседател на пратеничката група на партијата во Бундестагот, Александар Гауланд, го релативизираше времето на националсоцијализмот во кое беа убиени шест милиони Евреи. На еден партиски настан тој рече: „Хитлер и нацистите се само маргинална појава во илјада години успешна германска историја”. Политикологот Минх смета дека успехот на АфДсе базира и на тоа дека „вакви радикални изјави наидуваат на сосем добар прием во делови од населението според мотото: белки смееме да кажеме барем такво нешто!”

АфД е под будното око на Службата за заштита на уставотФотографија: picture-alliance/Geisler/C. Hardt

Такви и слични изјави ги алармираа германските безбедносни служби. Сојузната служба за заштита на уставниот поредок - односно контраразузнавачите - партијата како целина во март 2021 година ја оквалификува како „случај за кој постои сомневање за десноекстремизам”. Една народно-националистичка подгрупа на партијата наречена „Крилото” според истата служба дури важи и за докажано десноекстремистичка. Тоа значи дека претставниците на оваа група од тогаш смее да бидат надгледувани од службата,што подразбира и тајно, како и дека е генерално можно прислушување на нивните телефонски разговори. Вајдел во разговор со ДВ критикува дека тоа било „отворена партиско-политичка инструментализација на контраразузнавачката служба”. Политикологот Минх пак вели дека АфД „генерално е станата десноекстремна партија”. 

Протести против десните популисти низ Германија

01:24

This browser does not support the video element.

Институтот за испитување на јавното мислење Инфратест димап за јубилејот на АфД спроведе анкета на која тројца од четворица испитаници се изјасниле дека АфД не се дистанцира доволно од десноекстремни позиции. 

АфД - машка партија 

АфД има околу 80 илјади членови. За споредба, СПД, Социјалдемократите кои се најголема партија во Германија, бројат 380 илјади активни членови. Повеќе од 80% од членовите во АфД се мажи.Репрезентативна анкета спроведена од фондацијата Бертелсман во летото 2020 година покажа дека 29% од гласачите на АфД застапуваат десноекстремни ставови. Според тоа, меѓу гласачите на АфД непријателско расположение спрема странци, антисемитизам и тенденција кон авторитарни режими се многу посилно застапени отколку кај приврзаниците на други партии. На пример Русија, која веќе една година води брутална агресорска војна против Украина. Ко-претседателката на партијата, Алис Вајдел е против да се изведе Владимир Путин пред Трибунал за воени злосторства или да се воведат санкции против Русија.Партијата од сам почеток се изјасни против испорака на оружје за Украина бидејќи тоа било „војување”. Тоа што Германија сега сака да испорача тенкови од типот „Леопард” за Украина, Вајдел го критикува како „фатална одлука”. 

Ставот на АфД во врска со војната во Украина исто така беше од интерес за Инфратест димап. Резултатот покажува дека токму по ова прашање значително се разликуваат одговорите на истокот и на западот на Германија. Само 13% од испитаниците во западниот дел сметаат дека е добро што АфД покажува разбирање за руските позиции во војната. Наспроти тоа, на истокот се речиси двојно повеќе, односно 25 проценти.  

Алис Вајдел ја критикува одлуката за испорака на тенкови од типот „Леопард” за УкраинаФотографија: Political-Moments/IMAGO

Цел: излез од опозиција - влез во покраинска влада  

АфД се стреми кон моќта, но сѐ уште не била дел од ниедна влада. Сега сака конечно да излезе од улогата на опозициска партија. На сојузно ниво тешко дека може да успее во тоа. Но, АфД смета дека ќе има шанси во источно-германските покраини каде што редовно добива повеќе од 20 проценти од гласовите, пред сѐ во руралните области. Во Саксонија и Тирингија според анкетите таа е најсилна партија. Токму таму - и во Бранденбург - следната година има избори. Вајдел тука гледа шанса за нејзината партија и за ДВ вели дека „учеството во владина коалиција ќе биде следниот консеквентен чекор”. Коалициски партнер во тој случај би можела да биде ЦДУ. Но, Конзервативните такви коалиции до сега категорично отфрлаа, дури и преку заклучок на партискиот конгрес. Тоа е една страна, вели Минх, но во некои покраински ограноци веќе „и гласно и тивко” се поставува прашањето „што е толку страшно” во АфД. Ако навистина некогаш дојде до коалиција меѓу ЦДУ и АфД, „тоа ќе биде многу голем конфликт за ЦДУ” вели Минх во интервјуто за ДВ. На 6 февруари АфД го слави десет годишното постоење во Кенигштајн, во близина на Франкфурт на Мајна. Против настанот најавен е протест на широк граѓански сојуз. АфД е „голема закана за демократијата”, пишуваат организаторите во образложението. 

Минх јубилејот на деснопопулистите го доживува на поинаков начин. Тој ја отсликувастабилноста на германската демократија, вели таа. Германскиот парламентарен систем е всушност сѐ спротивно од „затворен и елитистички” како што АфД критички го опишува, посочува Минх. Десет години АфД значат и „способност за промени во нашиот партиски систем”, заклучува политикологот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми