1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

100 години од роденденот на Грофот фон Штауфенберг

Марсел Фирстенау 15 ноември 2007

Тој е важна личност на современата историја. Класу Шенк фон Штауфенберг, германски официр и противник на Адолф Хитлер. Роден беше на 15.11 1907 година, и денеска се навршува сто годишнината од негвото раѓање.

Хитлер и Мусолини на 20 јули 1944 - денот на атентатотФотографија: AP

Историјата забележува многу неуспешни атентати врз Хитлер, но ниту еден не ги раздвижи духовите колку неусшениот бомбашки атентат од 20 јули 1944 година во близина на Растенбург во Источна Прусија. Верувајќи дека Хитлер е мртов, бомбашот Клаус Шенк фон Штауфенберг се враќа во главниот град на Рајхот, Берлин. Кога конечно беше јасно, дека диктаторот го преживеа атентатот, пропадна обидот за преврат. Уште во текот на ноќна на 21 јули Штауфенберг и уште тројца негови поддржувачи беа убиени.

„Денеска е извршен напад врз Фирерот. Фирерот претрпе лесни изгреници и контузии, други повреди нема. Веднаш потоа без одложување продолжи со својата работа и според предвиденото го прими Мусолини на подолг разговор.“ Кога низ Германскиот Рајх се прошири оваа вест, слушателите преку радијата не веруваа дека е точно тоа што го слушаат за атентатот врз Адолф Хитлер.

Заговорниците убиени

Оние кои сеуште се сомневаа се уверија ден потоа на 21 јули 44тата дека Хилтер ја преживеал експлозијата на бомбата скриена во актен ташната „Сосема мала дружина на амбициозни, несовесни и истовремено неразумни, злосторнички глупави официри коваа комплот за да ме остранат и со мене практично да го уништат штабот на водството на германскиот Вермахт.“ Хитлер најави дека заговорниците безмилосно се следат. Класу Шенк Граф фон Штауфенберг и тројца негови блиски соработници во тој момент веќе се мртви.

Младиот Фон Клајст се бори за човечки животи

Храборста за активен отпор ја има малкумина. Меѓу нив припаѓа и официрот Евалд Хајнрих фон Клајст, чиј татко исто така беше запознеан со плановите за атентата и обесен од страна на нацистите. Младиот фон Клајст, останува жив поради среќен сплет на околности иако мина драматични часови заедно со Грофот фон Штауфенберк и активно учествуваше во заговорот.

Како еден од малку сеуште живи сведоци 1994 година по повод 50 годишнината од атентатот врз Хитлер во едно телевизиско интервју ќе рече „Страшно ме мачеше, што овие злосторства беа направени во името на Германија. Си реков дека не е можно, да не му се покаже на светот, дека имаше и нешто друго во Германија.Имаше и друга причина која за мене беше енормно важна: Бев убеден дека ако се направи обид, постои голема можност да останат живи бесконечно многу луѓе. Тоа за мене беше многу важна работа, воедно и Германија да не биде толку уништена.“

Хитлер го зајакнува борбениот дух кај припадниците на Вермахтот

Во официјалната пропаганда атенататот од 20 јули 44тата беше означен како очајнички чин. Во реалноста Хитлер и неговите фанатични следбеници се грижеа за борбениот морал на трупите и квалитетото на официрските корпуси. Во наредните недели и месеци беа уапсени околу 1000 мажи и жени, на кои режимот им префрлуваше дека биле вплеткани во планот за рушење на власта.

Околу 200 од нив беа обвиенти за предавство пред народниот суд и од неговиот претседател Роланд Фрајслер осудени на смрт „Во името на народот: од амбициозност разјадени, бесчесни, непријателски предавници се Карл Геделер ....Тие се осудуваат на смрт. Нивниот имот му се предава на Рајхот.“ Меѓу осудените на смрт, покрај припадниците на војската се и голем број политичари од зарбатнети партии и борци на отпорот од редовите на црквите и синдикатите.

За мотивите на атентаторите од 20 јули и подоцна контроверзно се дискутираше, поточно за политичко - општествените планови во случај на успешен атентат. Но никој од критичарите, никогаш не се посомнева во нивните чесни намери, да ја ослободат Германија од тиранијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми