1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Долгогодишен затвор за неонацисти од Златна зора

ЖА / агенции
14 октомври 2020

Во судскиот процес против раководството на десноекстремната грчка партија Златна зора се изречени повеќегодишни затворски казни. Долгогодишниот партиски лидер Никос Михалолиакос доби 13 години затвор.

Golden Dawn Prozess in Athen
Фотографија: Angelos Tzortzinis/AFP/Getty Images

Партискиот член Јоргос Рупакиас, кој инаку го призна делото – убиство со убоди од нож на левичарскиот рапер Павлос Фисас во 2013 година, е осуден од страна на судот на доживотен затвор. Со објавувањето на пресудите, засега завршува петгодишниот мамутски судски процес против 68 членови на озлогласената партија.

Негаторот на холокаустот, лидер и основач на партијата, Михалолиакос и шест поранешни пратеници на Златна зора минатата недела од страна на судот во Атина беа прогласени за виновни за повеќе кривични дела, меѓу кои раководење со криминална организација. На товар на неонацистичката партија ѝ се ставени повеќе злосторства, меѓу кои убиството на Фисас и напади врз египетски рибари и комунистички синдикалци во 2012 и 2013 година. Златна зора, која одржува тесни контакти со неонацистичката сцена, одамна е озлогласена поради своите нападиврз мигранти и политички противници.

Златна зора со години беше во состав на грчкиот парламент, за време на грчката катастрофална економска криза таа го засили влијанието и стана дури трета по големина политичка сила во земјата. На изборите во 2019 година партијата не успеа да го надмине изборниот цензус од три проценти и оттогаш не е застапена во грчкиот парламент.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми