15 деца се лекуваат од Ковид-19 на Детската клиника
СН/агенции
29 април 2021
Ниту едно од децата не е во загрозувачка состојба, изјави директорката на Детската клиника во Скопје, Аспазија Софијанова. Трендот на намалување на новозаразените кои се лекуваат во болница е зебележлив и кај децата.
Реклама
Во моментов на Клиниката за детски болести во Скопје се лекуваат 15 деца заболени од Ковид-19.
Според директоторката на клиниката, Аспазија Софијанова сите деца се во стабилна состојба
„Во моментов има околу 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни. Сите се стабилни. Ги лекуваме поради евентуална можност за компликација и дел од нив веќе ги испишуваме во сосема стабилна состојба. Нема ниту едно дете во загрозувачка состојба“, изјави Софијанова одговарајќи на новинарски прашања.
Таа нагласи дека епидемиолошкиот тренд во земјата на намалување на бројките на позитивни на коронавирусот и на лица кои се лекуваат од Ковид-19, е забележлив и кај децата.
Македонија и ковид-19: Седете дома и лапајте витамини
Обврска за носење маски, забрането групирање, ретки или никакви социјални контакти... Пандемијата на коронавирусот од корен го промени начинот на живот на луѓето и нивните навики. Пандемијата во Македонија низ фотографии
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Ставете маска
И покрај тоа што македонските здравствени власти постојано предупредуваат дека носењето маска е важно за превенција од пандемијата на коронавирус, дел од луѓето сѐ уште се противат на носење маски. За неносење маски казната за граѓаните е 20 евра, за правните лица – 2000 евра. Затоа влезовите на продавниците од почетокот на пандемијата се „украсени“ и со вакви предупредувања.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Рестрикции и на отворено
Во С. Македонија маски мора да се носат и на отворено, а забрането е и групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица по 21 часот. Не се групирајте, е апел кој постојано се повторува од страна на надлежните. Резултатите се половични – покрај дисцплинираните, сѐ уште има луѓе кои се групираат и не преземаат превентивни мерки. Оваа празна клупа трпеливо чека на крај на пандемијата и рестрикциите.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Здравствена криза, економска криза
Угостителските објекти работат со ограничено работно време – само до 21 часот. Исклучок се оние со сервис за испорака. Празните ресторани и кафулиња ја отсликуваат новата реалност што ја создаде пандемијата на Ковид-19. Многу фирми, посебно малите, се плашат од пропаѓање. Ќе им бидат ли доволни средствата за помош од државата?
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Каде се другарите?
Околу 90% од учениците следат онлајн-настава, а без проблеми се одвива и наставата со физичко присуство, тврди министерката за образование Мила Царовска. Пандемијата ја забрза дигитализацијата на образованието. Но, привремено го запре нормалниот детски живот. Како актуелното намалување на социјалните контакти влијае врз детскиот развој ќе биде веројатно предмет на многу истражувања во иднина.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Помала осаменост со домашно милениче
Домашните миленици, во време на затворање дома, можат да бидат добар чувар од психолошкиот стрес што со себе го носи пандемијата. Според студија на универзитетите Јорк и Линколн, 90% од испитаниците сметаат дека домашното милениче им помогнало во емоционалното справување со „локдаунот“, а дури 96% се уверени дека со помош на домашното милениче останале во добра физичка кондиција.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Сѐ за здравје
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во пораст е побарувачката по витамини и сѐ што може да придонесе за зајакнување на имунитетот. Конзумирањето суплементи стана секојдневна рутина на многумина. Притоа, голем дел од она што го препорачуваат лекарите, не го покрива Здравствениот фонд, туку е приватен трошок. Лекувањето чини пари, превенцијата исто така. Но, сѐ за здравје!
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
6 фотографии1 | 6
Министерот за здравство Венко Филипче вчера исто така нагласи дека паѓаат
бројките на новодијагностицирани и оти тоа се чувствува и во болниците каде притисокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај на почетокот на април, кога третиот бран на коронавирусот во земјата достигна пик.