1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

156 новозаболени од коронавирус - Скопје на првото место

19 јуни 2020

Билансот на последното деноноќие гласи: од 156 новоинфицирани со Ковид-19, 100 се во Скопје, шест пациенти починале, а 27 оздравеле.

Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Бројот на регистрирани нови случаи на Ковид-19 не спласнува ни во последните 24 часа. Според Министерството за здравство, направени се 1227 тестирања, при што се утврдени 156 нови инфекции со коронавирус, а најголем дел од нив отпаѓаат на Скопје – 100, следат Куманово-11, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-19, Струга-2, Велес-6, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Кочани-3, Кратово-1, Свети Николе-1.

Починале вкупно шест лица, четворица пациенти во Скопје и двајца во Тетово. Институтот за јавно здравје регистрирал 27 пациенти кои се излекувани од болеста.

Повеќе:

Градоначалници на средба со Комисијата за заразни болести

Коронавирус: Берлин нуди лекување на македонски пациенти во Германија

Мухамед и Бисера Зеќири го победија коронавирусот: Две недели ужас и неизвесност

Од почеткот на епидемијата во С. Македонија, вкупниот број на дијагностицирани случаи на Ковид-19 изнесува 4820 лица, од нив се оздравени 1863, починати се 222, а актуелно активни случаи се 2735.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми