1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Најголем воздушен напад врз Украина од почетокот на војната

СН/агенции
29 декември 2023

По жестоките руски воздушни напади врз повеќе градови во Украина, властите известуваат за најмалку 12 загинати и преку 70 повредени лица. Градот Днепар е особено погоден - но има и жртви во Киев, Харков, Одеса и Лавов.

Зграда во Киев гори по експлозијата предизвикана од руски проектил
Зграда во Киев гори по експлозијата предизвикана од руски проектилФотографија: Ukrainian Emergency Service/AP/picture alliance

„Веќе долго време не сме имале толку многу црвени непријателски цели на нашите монитори“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат. Во основа, украинската влада зборува за „најмасивниот руски воздушен напад од почетокот на војната“.

Според украинските воздухопловни сили, во петокот против земјата биле употребени 158 ракети и борбени дронови. Украинскиот врховен командант Валериј Залужни зборуваше за 122 проектили и крстаречки ракети, како и за 36 беспилотни летала. ПВО успеала да пресретне над 70 отсто од нив. Нападот се случи во неколку бранови од различни насоки и со употреба на стратешки бомбардери. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Русија лансирала околу 110 проектили, од кои голем дел биле соборени, но оние кои ја погодиле целта предизвикале големи материјални штети во цивилниот сектор. 

Чад се крева над Киев по ударот на руски ракети и дроновиФотографија: GLEB GARANICH/REUTERS

13 загинати и преку 70 повредени

Имeно, пријавени се штети во породилиште во централниот град Днепар и згради во западниот град Лавов, југоисточниот пристанишен град Одеса и градот Харков на исток.

Според официјалните информации од Киев, најмалку дванаесет лица загинале во невидените руски напади врз Украина. Бројот на повредени се проценува на 75, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи. Само во градот Днепар, според локалната воена администрација, имало пет загинати цивили, а повеќе од 20 се повредени.

Две лица загинаа во главниот град Киев, а се верува дека повеќе луѓе се заробени под урнатините во магацин оштетен од урнатините, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Две лица загинаа во Одеса, а најмалку 15 се повредени, меѓу кои и две деца, откако проектили погодија станбени згради, изјави регионалниот гувернер.

Станбена зграда во Одеса, оштетена во жестокиот руски воздушен нападФотографија: Nina Lyashonok/Photoshot/Avalon via picture alliance

Се јавува и за по две загинати лица во Харков и во Лавов.

„Русија нападна со сз што има“

Портпаролот на украинските воздухопловни сили,  Ихнат, изјави дека Русија „јасно нападнала со сè што има“.

Тој тврдеше дека Русија користела хиперсонични, крстаречки и балистички ракети, вклучувајќи го и типот Кс-22, кои се исклучително тешки за пресретнување.

Украина со недели предупредува дека Русија би можела да прави залихи со проектили за да започне голема воздушна кампања насочена на енергетскиот систем.

Минатата година, милиони луѓе завршија во темнина кога руските напади ја погодија електричната мрежа.

Министерството за енергетика извести за прекин на струја во четири региони по воздушниот напад.

Во регионот Лавов, кој се граничи со Полска, потврдени се удари на критичен инфраструктурен објект, соопшти кабинетот на претседателот Зеленски, одбивајќи да каже за кој објект станува збор.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми