20 годишен јубилеј на Експолингуа
16 ноември 2007Руската куќа на Фридрихштрасе, во срцето на Берлин, викендов наликува на Вавилонската кула, во која според преданијата, се измешале јазиците. Тоа деновиве е место каде можат да се чујат различни јазици и каде барем за кратко е пренесено парче од светската култура. Тука по дваесетти пат се оддржува саемот Експолингуа, од каде до публиката се пренесува и пораката на ЕУ дека учењето на јазиците и нивната разноликост се цел на европската политиката за јазиците. Станува збор за единствен меѓународен саем за јазикот и културата на германскиот простор. Годинава тука се презентирани 60 јазици и различните можности за нивно учење. Публиката ја чинат како учениците, студентите и обични заинтересирани, така и професори, доценти, јазични експерти.
Посебни тежишта на годинашниот саем се земјите гости - Австралија и Нов Зеланд кои се застапени со 35 излагачи. Гостински јазик е рускиот.
"
Но, Експолигуа не го чинат само штандовите и излагачите. Имаме и стручна програма - 80 предавања за различни теми околу јазикот. Во текот на трите саемски дена се нудат и мини курсеви, информации за студирање, престој и патувања во странство. Најпосле, имаме и културна програма со многу странски филмови” - подвлекува Кристијан Аухтер од тимот на Експолингуа кој ги коментира и топ актуелностите:"
На Експолигуа има и понуди за учење странски јазик со модерните медиуми и копјутери. Повеќе информации за системот на ваквото учење нудат неколку предавања во стручната програма. Тука се и понудувачите на ваквите програми што е тренд во учењето странски јазик”.Аухтер ги кажува настојувањата на Експолингуа секоја година да се донесат нови јазици. Можеби не многу распространети, но интересни за одредена публика. Годинава нов тука е бугарскиот, но својот јазик и култура за првпат ги претставуваат и учесниците од Чиле, Кореа, Уругвај и Литванија. За новите и помалите јазици, како македонскиот , вратите секогаш се отворени!