1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

20 милиони страдаат од поплавите во Пакистан

14 август 2010

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани денеска (14.08)изјави дека најмалку 20 милиони луѓе се погодени од катастрофалните поплави и поројните дождови во земјата. Тој уште истакна дека досега загинале 1400 лица.

Драматични слики од ПакистанФотографија: AP

Досега ОН говореа за 14 милиони луѓе погодени од природната катастрофа во Пакистан,од кои на 6 милиони им е итно потребна помош. Меѓутоа денеска премиерот на Пакистан, Јусуф Раза Гилани изнесе драматично поголема бројка од 20 милиони луѓе чија состојба е незавидна поради поплавите и поројните дождови. Инаку по повеќе од две недели страда поради поплавите, на Пакистан сега му се заканува нова опасност- заразни болести. ОН потврдија прв случај на колера. Во Пакистан пристигнува и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. По извршените прегледи кај пациент од Мингора во долината Тал без сомнение е дијагностицирана колера, соопшти денеска портпаролот на ОН Маурицио Џулијано. Освен потврдениот, постојат и одреден број сомнителни случаи. ОН освен тоа соопштија дека постојат околу 36 илјади сомнителни случаи за тешка, делумно смртоносна форма на дијареја. И така тешките спасувачки работи ќе бидат отежнати со избивањето на болестите.

ОН: Состојбата е алармантна

На повидок нема подобрување ниту на временската состојба, натамошните дождови можат дополнително да ја влошат состојбата. Хуманитарните организации работат со полна пареа на спречување зарази. Портпарол на ОН ситуацијата ја означи како алармантна. Според податоците на светската организација, во поплавите се уништени околу сто здравствени установи, недостасуваат лекови и медицински апарати. Доколку итно не бидат обезбедени 459 милиони долари, може да дојде до драматичен пораст на бројот на жртвите од поплавите во Пакистан. Додека ние дискутираме, умираат деца зашто нема воопшто пристап кон чиста вода, предупредува Паскал Кутат , раководител на делегацијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст:

Помошта за жртвите од катастрофата е итно неопходнаФотографија: AP

„ Пристапот кон вода за пиење не е само отежнат, туку едноставно воопшто нема чиста вода. Ако не го промениме тоа брзо, тогаш бројот на луѓето кои нема да ја преживеат катастрофата рапидно ќе се зголеми “.

ОН предупредуваат од избивање голема епидемија на колера, како што потенцира Хасина:

„Нема чиста вода за пиење, се‘ е загадено, насекаде има комарци, постојано доаѓа до прекин на електричната енергија“.

Штета од околу една милијарда долари

Поплавите во Пакистан кои траат повеќе од две недели претставуваат една од најташките природни катастрофи во историјата на оваа земја. Повеќе од 1600 луѓе ги загубија животите, над два милиона се без покрив над главата. Цели села се исчезнати, урнати се голем број мостови, илјадници луѓе се наоѓаат на мали островчиња земја опружени со огромни површини вода. Според претставник на ОН, со поплавите е погодена една третина од земјата, меѓу другите и земјоделски површини на кои се произведува ориз, памук и шеќерна репа. Освен тоа, уништени или оштетени се околу 500 до 600 илјади тони жито складирано во амбарите во селата.

Заразни болести веќе се пират низ поплавените подрачјаФотографија: DW

Според зборовите на претседателот на Светската банка, Роберт Зелик преку катастрофата и потфрлувањето во есенската жетва што ќе следи, направена е штета од околу една милијарда долари.

Со тешката ситуација во земјата расет и притисокот врз владата. Критичарите ја обвинуваат за ненавремена реакција на поплавата. Претседателот Асиф Али Зардари дури по неколку дена го прекина патувањето низ странство за да се врати во земјата. Во Пакистан инаку поради поплавите нема да има никакви свечености по повод денешниот ден, 63 годишнината од независноста од британската колонијална власт. Претседателот Зардари и војската ги откажаа планираните прослави на националниот празник.

Автор:ЖА/СН/дпа/афп/дв

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми