1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2011-та година е пресвртна за Авганистан

15 декември 2011

Корупцијата и повредата на човековите права во Авганистан загрижуваат, но знаци на помирување веќе може да се препознаат, оцени германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во обраќањето во Бундестагот.

Демонстрации во Кабул против корупцијата и насилството, архивска снимкаФотографија: DW

Десет години од почетокот на ангажманот на Бундесверот во Авганистан, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле гледа крај на конфликтот. „2011 година претставува пресвртница“ изјави Вестервеле пред пратениците во Бундестагот. „Авганистан е во подобра позиција отколку пред десет години“ подвлече германскиот министер и истакна дека ваквиот развој е и заслуга на германските војници и дипломати.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо ВестервелеФотографија: dapd

Корупцијата, повредата на човековите права и безбедносната состојба меѓутоа и натаму загрижуваат, смета Вестервеле. Но, предавањето на одговорноста за безбедноста во рацете на Авганистан почна и покрај жестоките напади, а во меѓувреме има обиди за помирување, подвлече Вестервеле во владината изјава.

Бундестагот денеска дебатира и за продолжување на мандатот на Бундеверот во Авганистан, но во намален обем. Од февруари 2012 година, наместо максимално 5350 војници на Бундесверот, во Авганистан ќе смеат да бидат ангажирани до 4900 војници. До почетокот на 2013 година бројот на германските војници ќе треба да се намали на 4400. До 2014 година меѓународните трупи треба да го напуштат Авганистан.

Автор: АТ/ ЕМФ/ дпа

Редактор: Ж.Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми