1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2014- година на потреси и безнадежност

Александер Кудашев Превод: С. Недевски31 декември 2014

Светот во 2014. година не стана подобар. Напротив. Кризата во Украина, војната во Газа, подемот на Исламската држава се повод за песимистичен поглед во иднината на Александер Кудашев, главниот уредник на ДВ.

Фотографија: DW/D. Borges

Светот во текот на 2014. година го зафати хаос. Во Африка се појави ебола, војна во Украина. Подем на убиствената „Исламска држава“. Во Пакистан масакар над недолжни ученици. Војна во Газа. Изборни успеси на радикалната десница во државите во ЕУ. Необјавена војна меѓу банди во Мексико. Каде и да се погледне, на сите континенти политичката и општествената состојба станаа потешки и понепрегледни.

И во Европа беснее војна. Во Украина, земја на границата меѓу Русија и Средна Европа. Државите од Запад и Русија се најдоа во мачна дипломатска војна, во ново надворешнополитичко студено време, во нова Студена војна.

Каков да биде односот кон Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин ги стави пред голем предизвик и Западот и владата во Киев со тоа што изврши анексија на Крим и се вмеша во конфликтот на истокот на Украина. По санкциите и Русија самата се најде во економски проблеми. Неоимперијалистот Путин на крајот на годината и самиот стана сведок на драстичниот пад на вредноста на рубљата. А Запад, пред се’ Европа, посебно Германија, се прашува: Мораме ли на Путин да му излеземе пресрет? Каде е излезот од оваа пат-позиција? Како повторно да се воспостави мир во Европа? Притоа е малку заборавена судбината на Украинците и едно едноставно прашање: Што би можел да стори Путин?

Претседателот на САД, Барак Обама во односот кон Русија се покажа порешителен отколку поголемиот број Европејци. Тој игра на картата во политика на острината. Меѓутоа, Обама е затвореник на американската внатрешна политика. Тој во САД веќе нема мнозинство во Конгресот со чија помош би можел да наметне некоја одлука. Две години пред истекот на својот мандат тој е парализиран. Поради политичка слабост и недостаток на опции, Обама претставува супер-сила во повлекување. Сила која се’ помалку сака да се меша во што било. Држава која се’ повеќе се дескридитира во странство поради очигледната ситематска злоупотреба на уапсените исламисти во Гавантанамо и на други места.

Александар КудашевФотографија: DW

САД немаат влијание на Блискиот Исток

Падот на влијанието на САД, но и губењето желба одлучно да се креира политика особено се гледа на Блискиот Исток. Во војната во Газа, САД не играше никаква улога. Обама не можеше да влијае ни на Израел, ниту на Палестинците. А по завршувањето на војната, политичката состојба е безизилезна како и порано. Сепак, САД се борат против „Исламската држава“- од воздух. Западот, вклучувајќи ја и Германија, ги обучува курдските борци, пешмерги, и ги пушта да се борат протв убиствено настроените исламисти. Моментално изгледа дека ваквиот начин на работа има успех. Меѓутоа, „Исламската држава“ ја разори културната, религиозната и политичката разноликост на Блискиот Исток. Насекаде бегаат Језиди, христијани но и муслимани. Сирија и Ирак веќе не се места на општествен ред и мир. Духовниот предизвик, дело на фундаменталистичкото движење које се залага за враќање на вистинскиот ислам, остава траги како на Блискиот и Средниот Исток, така и во Африка. Тоа делување и ограничената одлучна бруталност и тероризам, направија бројни земји да тонат во граѓански војни. Милиони луѓе мораат да бегаат од своите домови. Вистински кошмар.

Ова беше година на бројни клучни моменти и бројни потреси. Политички потреси. Година на непрегледни ситуации и година на хаос. Година во која дипломатијата не успеја да го запре пробивот на националистичко и религиозно лудило. Година на безнадежност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми