1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаГлобално

2023 на пат да стане најтопла година во историјата

СН/агенции
5 октомври 2023

Службата на ЕУ за климатски промени потврди дека овој септември бил најтоплиот од почетокот на мерењата. Тој следувуваше по рекордно топлото лето. Со тоа 2023 е на добар пат да стане најтопла година во историјата.

Климатските промени ги прават екстремните временски услови поинтензивни
Климатските промени ги прават екстремните временски услови поинтензивниФотографија: Alexandros Avramidis/REUTERS

Тековната година е на пат да стане најтопла досега, соопшти Службата за климатски промени на Европската унија, Коперник.
Најтоплиот септември забележан на глобално ниво следеше по летото со рекордни температури годинава, објави Коперник.
Температурите во септември годинава беа за половина степен повисоки од претходниот најтопол септември во историјата и речиси цел степен повисоки од просечниот септември помеѓу 1991 и 2020 година.

„Температурите без преседан за овој период од годината забележани во септември - по рекордното лето - урнаа нови рекорди“, изјави Саманта Бурџис, заменик директор на Службата за климатски промени Коперник.
Температурите во 2023 година сега се на пат да бидат 1,4 степени над просечните температури од прединдустрискиот период, рече Бурџис.

Топење на мразот на Антарктикот

Тоа е само 0,1 степен под целта поставена со Парискиот климатски договор, кој има императив да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени до крајот на векот.
Меѓутоа, септември веќе беше 1,75 степени потопол отколку во прединдустрискиот референтен период од 1850 до 1900 година.
Мразот на Антарктикот, исто така, достигна историски најниско ниво во септември, покривајќи девет проценти помалку површина од просекот помеѓу 1991 и 2020 година. На Арктикот, морскиот мраз во септември беше на петто најниско ниво.

Во однос на врнежите, во септември сликата беше мешана. Поголеми делови од западна Европа добија повеќе дожд од вообичаено, а имаше поплави во Грција и во Либија како последица на бурата Даниел, циклон сличен на оние во тропските предели, која го погоди Средоземното Море.

Поројни дождови и големи поплави во Грција

01:00

This browser does not support the video element.


Другите делови на Европа, Соединетите Американски Држави, Мексико, Централна Азија и Австралија го забележаа најсувиот септември од почетокот на мерењата.
Службата на ЕУ за климатски промени, Коперник редовно објавува податоци за температурата на површината на Земјата, ледената покривка и податоци за врнежите.
Наодите се засноваат на компјутерски генерирани анализи кои вклучуваат милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици ширум светот.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми