1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наредната кризна година за германската економија

Boehme Henrik Kommentarbild App
Хенрик Беме
5 јануари 2023

Ова се тешки времиња за реалистични прогнози, но извесно е дека германската економија покажа сила и и во третата кризна година. Меѓутоа, и 2023 година ќе биде полна со предизвици, оценува Хенрик Беме.

Мрачни облаци надвиснати над германската економија и во 2023, предвидуваат експертитеФотографија: Jan Eifert/picture alliance

Веќе трета година по ред е тешко да се даде издржана прогноза за новата година. На крајот на 2020 година, потписникот на овие редови, беше сигурен дека германската економија ќе премине на турбо-погон. Една година постоа, прогнозата не беше подобра: „Мрачни перспективи и трошка надеж“ беше насловот на текстот за економските изгледи за 2022 година. А сега на ред се предзвидувањата за економските движења за 2023 година. Едноставно може да се цитира германскиот министерот за економија, Роберт Хабек, кој во интервју рече: „Ќе биде тешко на поинаков начин“. Човек може да се задоволи со тоа или да ја разгледа целата работа малку подетално.

Прво, добрата вест: крајот на светот е одложен за некое време. По пандемскиот шок, германската економија зачудувачки добро ги надмина и последиците од рускиот напад врз Украина, вклучително и енергетскиот шок поради недостигот на испораките на гас од сибирските наоѓалишта.

Досега релативно блага зима и полните складишта гас, исполнетите книги за нарачки кај компаниите, намалени тесни грла во синџирите за снабдување, падот на цените за транспорт по контејнер, но и големата државна помош доведоа до порелаксирана проценка на кризното сценарио.

Зголемена потрошувачка

Мора да се признае, рецесијата останува веројатна во следните неколку месеци, но таа може да биде релативно блага. Појдовната точка не е толку лоша, веќе во третиот квартал економијата неочекувано порасна за 0,4 отсто и покрај веќе двоцифрената инфлација.

Се чини дека тоа е специфичноста на овие две кризи, пандемијата и украинската, дека пред сè внатрешната побарувачка, односно желбата на луѓето за купување и патување, придонесе за раст. За време на пандемската криза, според проценките, Германците акумулирале 200 милијарди евра, кои сега ги трошат - можеби со уверување дека времињата нема да се подобрат, па затоа е подобро да се трошат пари сега отколку подоцна. 

Колективните договори меѓу работодавачите и синдикатите се навистина великодушни. Пример е металната индустрија каде е договорено зголемување на платите за 8,5 отсто, плус еднократна исплата од 3.000 евра и таа сума е ослободена од данок. Во хемиската индустрија платите ќе се зголемат за 6,5 отсто, а пристанишните работници на север ќе добијат 9,4 отсто повеќе. Со тоа донекаде се ублажија грижите на луѓето дека не можат да ја платат зголемената сметка за гас и за струја. Секако, владиниот пакет од 200 милијарди евра за помош на домаќинствата и стопанството придонесе во голема мерка за смирување на тензиите.

Хенрик Беме, автор на коментарот

Мрачните прогнози на некои „пророци“ не се остварија - сетете се, министерот за економија Роберт Хабек предупреди на можна масовна сиромаштија и ширење на бедата, а шефот на концернот БАСФ  предвиде најголема криза по Втората светска војна.

Наместо тоа, се покажа дека економијата може исклучително флексибилно да реагира на кризните шокови. Економијата покажа отпорност, а БАСФ очекува зголемување на прометот за 15 отсто во 2022 година, како и добивка пред камати, даноци и амортизација од седум милијарди евра.

Огромно задолжување

Сепак, погрешно е да се верува дека сѐ е во најдобар ред. Имено, високите сметки за струја и за гас ќе бидат доставени дури во 2023 година. А тоа е помалиот дел од грижите. Финансиските експерти,  тоа оние вистинските, а не пророците на пропаста кои сакаат да заработат, се загрижени од можноста за нов финансиски колапс.

Шефот на германската филијала на една меѓународна банка, на пример, за весникот „Ханделсблат“ изјави дека не станува збор за еден ризик, туку за мешавина од многу различни опасности кои, како што вели, се уште не ги доживеал.

Главна грижа е огромната задолженост на цела низа држави, која според податоците на Меѓународната асоцијација на банки, се искачи на вкупно 305 билиони долари. За споредба, буџетот на Германија за 2023 година изнесува 476 милијарди долари.

Ако сакаме да го набљудуваме можниот развој на настаните и Кина исто така може да се означи како несигурна, иако Пекинг со тешко срце ги признава очигледните грешки направени за време на пандемијата. Тие грешки имаа тешки последици за домашната економија, а побарувачката за кинески стоки ширум светот се намали. Ова се лоши изгледи за Германија, чија економија, и покрај сите напори да се прошири, сè уште е во голема мерка зависна од Кина.

Инфлацијата го зголемува притисокот врз сиромашните

02:35

This browser does not support the video element.

Решението е - Европа

Хроничниот недостиг на квалификувана работна сила е исто така голем проблем –  повеќе од половина милион квалификувани луѓе недостасуваат во германската економија. Бидејќи населението старее, ова може да се реши само со целна имиграција. Останува надежта дека новиот закон од оваа област, кој го подготвува владината коалиција, нема да биде празен лист како сличниот закон на претходната влада од 2020 година.

Ако ова набројување на ризици не е доволно, тогаш да го спомнам и ова: глобализацијата се тетерави. Од неа не профитираше многу само Германија со својата извозна ориентација туку таа ја намали и сиромаштијата во светот и донесе повеќе просперитет.

Но, кога снема заштитни маски во Германија на почетокот на пандемијата или кога господарот на војната Кремљ го исклучи гасниот вентил за Германија, беше јасно дека глобализацијата, покрај предностите, носи и зависности. Бидејќи веројатно нема да има подобрување во догледна иднина, важно е сега да се инсистира на билатерални договори за слободна трговија. И на домашниот пазар. А тоа е, пред сè е Европа.

Хенрик Беме Уредник за економија, со фокус на меѓународната трговија, автомобилската бранша и финансиите@Henrik58
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми