Полицијата соопшти дека експлозијата на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер била предизвикана од импровизирана експлозивна направа, која едно лице ја носело на телото.
Реклама
Полицијата во британскиот град Манчестер потврди дека во експлозијата која се случи доцна вечерта на крајот од концертот на Аријана Гранде, загинале најмалку 22 лица додека преку 50 се повредени. Меѓу загинатите како што беше соопштено има и деца. На голем број полесно повредени лица лекарска помош им била укажана на лице место. Полицијата го третира инцидентот како терористички напад.
Шефот на полицијата во Манчестер, Јан Хопкинс изјави дека се верува оти нападот го извршило едно лице. Напаѓачот загинал во концертната арена во експлозијата предизвикана од домашно направена експлозивна направа која тој ја носел на телото, истакна Хопкинс. Тој ја повика јавноста да остане будна и да пријавува какви било сомнителни активности на полицијата.
Хорор вечер во Манчестер
01:12
Инаку експлозијата се случи околу 22:30 минути според локално време, додека американската пејачка ја изведувала својата последна песна на концертот.
„Скршена. Од сето срце, многу ми е жал. Немам зборови“, напиша Аријана Гранде на социјалната мрежа Твитер, неколку часа по несреќата. Таа не е повредена во експлозијата.
Арената во Манчестер на својата официјална страница напиша дека експлозијата се случила пред салата додека публиката си заминувала од концертот. Очевидци пак говорат дека експлозијата се случила во фоајето на концертната сала. Јавниот сообраќај по експлозијата беше цеосно запрен, а такси службите на граѓаните им нудеа бесплатен превоз.
Во Велика Британија во сила е „сериозно“ ниво на терористичка закана, што значи дека терористички напад се смета за многу веројатен. Никој досега не ја презеде одговорноста за експлозијата во Манчестер.
Британската премиерка Тереза Меј соопшти дека владата работи на утврдување на сите детали, на „она што полицијата го третира како терористички напад“. Таа денеска треба да одржи итна седница со владиниот комитет за вонредни ситуации. Меј и останатите политичари, веднаш ги запреа сите активности во рамките на кампањата за вонредните парламентарни избори во земјата, кои треба да се одржат на 8 јуни.
Брисел, Истанбул, Џакарта: глобалниот терор во 2016
Дојче Веле потсетува на некои од поголемите терористички напади ширум светот во оваа 2016 година.
Фотографија: Reuters/F. Lenoir
Самоубиствен напад во Истанбул, 12. јануари
Самоубиствениот напад на популарен плоштад во најголемиот град во Турција, однесе 13 човечки животи а уште најмалку толку луѓе беа повредени.Речиси сите загинати беа странци. Извршителот на нападот беше идентификуван како Набил Фадли, Сириец приврзаник на „Исламска држава“ (ИД).
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Бомбашки напади во Џакарта, 14. јануари
Специјални сили на индонезиската полиција спроведоа рација во куќата на осомничениот терорист во местото Циребон, на островот Јава, по бомбашките напади на 14 јануари во Џакарта. Во серијата експлозии во главниот град загинаа 8 а повредени беа 24 лица. ИД ја презеде одговорноста за нападите.
Фотографија: Getty images/AFP/Str
Напад врз хотелот Сплендид, 15 јануари
Милитанти поддржани од Ал Каеда го нападнаа хотелот Сплендид во Уагадугу, главниот град на Буркина Фасо. Најмалку 23 лица од 18 земји загинаа притоа. Во заедничка операција на француски и сили на Буркина Фасо беа ослободени бројни заложници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Elsen
Бомбашки напад во Анкара, 17. февруари
Слободарските соколи на Курдистан ја презедоа одговорноста за нападот врз конвој автобуси, убивајќи армиски персонал и цивили за време на вечерниот сообраќаен шпиц во главниот град на Турција, Анкара. Загинаа најмалку 29 лица а повредени беа 60.
Фотографија: Reuters/Ihlas News Agency
Напад врз хотел во Могадишу, 26.февруари
Бомбаш самоубиец со своето возило се удри во хотел во населбата Хамарвејн во главниот град на Сомалија, Могадишу. Вооружени лица потоа се втурнаа во зградата на хотелот. Во нападот извршен од милитанти поврзани со Ал Шабаб милицијата, загинаа најмалку 15 а повредени беа повеќе од десет лица.
Фотографија: Reuters/F. Omar
Пукотници во Гранд-Басам, 13. март
Вооружени лица поврзани со северноафриканската гранка на Ал Каеда го нападнаа хотелот Етоил де Суд во Гранд Басам во Брегот на Слоновата Коска. Најмалку 18 лица загинаа а 33 беа повредени во нападот. Хотелот Етоил де Суд е популарен меѓу странците кои живеат во Брегот на Слоновата Коска.
Фотографија: Reuters/L. Gnago
Експлозија на автомобил-бомба во Анкара, 13 март
Автомобил натоварен со експлозив експлодираше на плоштад во центарот на турскиот главен град, убивајќи 37 лица и повредувајќи 127. Слободарски соколи на Курдистан ја презедоа одговорноста.
Фотографија: Reuters/U. Bektas
Самоубиствен атентат во Истанбул, 19 март
При самоубиствен бомбашки напад на Истиклал -главната шопинг улица во центарот на Истанбул-загинаа најмалку 5 а повредени беа најмалку 36 лица. Полицијата го идентификуваше напаѓачот: турски припадник на Исламска држава, Мехмед Озтурк.
Фотографија: DW/T. Stevenson
Серија напади во Брисел, 22. март
Најмалку 34 лица загинаа а повеќе од 170 се повредени во координираните напади во Брисел. Најнапред во 8 часот утрината две смртоносни експлозии го потресоа аеродромот Завентем а еден час подоцна експлодираше бомба на метро-станицата Малбек, во близина на институциите на Европската унија.