233 загинати во пожарот во бразилската дискотека
28 јануари 2013Најголем дел од жртвите во пожарот во дискотеката во бразилскиот град Санта Мариа страдале од задушување. Трагедијата, според првичните сознанија се случила откако музичарите на рок-бендот кој настапувал во дискотеката запалиле пиротехнички средства. Искрите веројатно ја потпалиле изолацијата на таванот на дискотеката, со што настанал високо-отровен чад. Покрај од задушување голем број луѓе загинале и во човечкото стампедо предизвикано од масовната паника која настанала во дискотеката. Очевидци јавуваат дека во објектот не функционирале противпожарните апарати. Полицијата истотака истражува дали по избувнувањето на пожарот биле отворени доволен број излези за итни ситуации во дискотеката. Во моментот кога избувнал пожарот во клубот имало околу 500 посетители.
Бразилската претседателка Дилма Русеф го прекина учеството на самитот на претставниците на 27-те земји членки на Европската унија и Заедницата на земјите од Латинска Америка и Карибите што се оддржуваше во чилеанскиот главен град Сантијаго и се упати на местото на трагедијата. Таа ги посети преживеаните и им изрази сочувство на роднините на загинатите во пожарот во универзитетскиот град.