1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Суд: Нема амнестија за случајот „Организатори на 27 април“

ДТЗ /МИА
16 јуни 2023

Судот ја носи одлуката по добиено мислење на Јавниот обвинител дека обвинетите не се опфатени со Законот за амнестија и дека во оваа фаза не постои правна можност судот да одлучува по амнестијата.

27 април
Нема амнестија за случајот „Организатори на 27 април“Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Кривичниот суд во Скопје ги отфрли како неосновани барањата на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски за амнестија за случајот „Организатори на 27 април". Судот ја носи одлуката по добиено мислење на Јавниот обвинител дека обвинетите не се опфатени со Законот за амнестија и дека во оваа фаза не постои правна можност судот да одлучува по амнестијата. 

Неосновано барање

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите за случајот и добиеното мислење на Јавниот обвинител, донел одлука дека со која барањето се отфрла како неосновано. Со оглед дека обвинетите имаат право на жалба на одлуките, судењето се одложува за 6 јули 2023 година. 

Барање за амнестија поднесоа четворицата обвинети во случајот - поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Барањата беа поднесени на почетокот на повторениот судски процес во кој се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Претходно Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на основниот суд, со образложение дека биле занемарени приговорите во претходните барања за амнестија.

За што се обвинети?

Со првостепената пресуда од 26 јули 2021 година, поранешните функционери Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски добија затворски казни од вкупно 25 години за организирање на настаните од 27 април 2017 година, кога се случи упадот во Собранието. Вељаноски беше осуден на 6,5 години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК, Атанасовски шест години затвор. 

Тие беа обвинети дека на 27 април тие организирале непречено влегување на народните толпи во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување на насилство. Според судот, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Јанакиески и Ристовски континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и од другите градови, за во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието. 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми