1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

30 години од падот на Берлинскиот ѕид

БГ/ ДПА
9 ноември 2019

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Европа на одбрана на демократијата и човековите права на церемонијата по повод одбележувањето на 30 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

30. Jahrestag Mauerfall - Feier am Brandenburger Tor
Фотографија: AFP/T. Schwarz

„Ниту еден ѕид кој ги дели луѓето и ја ограничува слободата е толку висок или толку широк за да не може да биде урнат“, порача Меркел во говорот во црква на улицата Бернауер Штрасе во Берлин, каде дел од Ѕидот се уште стои.

„Се присетувам на оние кои беа убиени на Ѕидот затоа што тие трагаа по слободата“, рече Меркел потсетувајќи се убиените и затворените во комунистичка Источна Германија.
„Се присетувам на оние кои беа угнетени и мораа да ги закопаат своите соништа“.

Германската канцеларка рече дека 9 ноември претставува „среќни и несреќни моменти во историјата“, алудирајќи дека на тој ден започнаа и погромите против Евреите во нацистичка Германија.
„Тоа не потсетува дека човековите права не смеат да се земаат здраво за готово“, рече Меркел која детството и младоста ги мина во комунистичкиот исток.

Фотографија: AFP/T. Schwarz

Паралелно со прославата на падот на Ѕидот, во Берлин и други германски градови се одржуваат и церемонии за одбележување на ужасот на ткн. „Кристална ноќ“ од 9 ноември 1938 година, кога нацистите уништуваа имоти на Евреите.

На церемониите учествуваат и претседателите на Полска, Унгарија, Чешка и Словачка. Но, за разлика од прославата на 20-годишнината од падот на Ѕидот, овојпат ги немаше лидерите на Британија, Франција, Русија и САД.

Фотографија: AFP/M. Tantussi

Претседателот на државата Франк-Валтер Штајнмајер ја предводеше прославата пред Бранденбуршката порта каде десетици илјади луѓе следат концерти.
„Ширум нашата земја се подигаат нови ѕидови: ѕидови на фрустрација, ѕидови на бес и омраза, ѕидови на молк и отуѓување. Ѕидови кои се невидливи но сепак делат. Ѕидови кои му стојат на патот на нашето обединување. Да ги урнеме тие ѕидови“, повика Штајнмајер.
Берлинскиот ѕид беше изграден во 1961 година од владата на Источна Германија под изговор дека се работи за „анти-фашистичка заштитна бариера“. 155-километри долгиот Ѕид набрзо стана симбол на Железната завеса која ги делеше Западот и Истокот во текот на Студената војна.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми