Француската престолнина во овој случај, по исклучок, не е предводник туку само ги следи Лил и Гренобл. Овие градови порано воведоа максимално дозволена брзина од 30 км на час.
Париз ја ограничи брзината на возење низ градот на 30 км на часФотографија: Christophe Petit Tesson/MAXPPP/picture alliance
Реклама
Таксистите се лути, велосипедистите слават: социјалистичката градоначалничка на Париз, Ана Идалго го одржа своето изборно ветување. Од вчера на повеќето улици во француската престолнина важи ограничување на максималната брзина на 30 километри на час. Само на обиколницата, периферниот булевар, кој ги опкружува 20-те арондисмани на Париз и со тоа вистинската урбана област, може да се продолжи да се вози со брзина од 70 километри на час. Освен тоа на поголемите оски, како светски прочуениот булевар Шанзелизе дозволени се 50 километри на час.
Наспроти распространетите предрасуди, изгледите за преживување без повреди при возење велосипед низ Париз веќе беа поволни: Околу 60 проценти од центарот на градот веќе се сметаа за зони со ограничување на 30 километри на час. Еколошкиот транспорт сега станува уште поатрактивен. Привремените велосипедски патеки поставени за време на пандемијата на коронавирусот, ќе бидат претворени во постојани велосипедски патеки.
Во овие градови е задоволство да се вози велосипед
Возењето велосипед е здраво, еколошки и финансиски е поволен начин на превоз. Многу метрополи во Европа трошат милиони евра за да се обезбеди поголема заштита на животната средина. Еве каде концептите се особено успешни:
Фотографија: CC/Negu
Копенхаген
Во главниот град на Данска има велосипедски патеки во должина од 350 километри, систем на семафори кој им дава приоритет на велосипедистите и на улиците има потпирачи за стапала кога велосипедистите мора да чекаат на црвено светло. Не е чудо што 62% од жителите до работното место се превезуваат со велосипед. За преобразбата во велосипедски град во англискиот веќе е одомаќен зборот „copenhagenize“.
Како Копенхаген во Данска, така и холандскиот град Амстердам е дел од најеколошките градови во Европа. Велосипедистите во Амстердам дневно минуваат по околу два милиони километри. Земјата е омилена меѓу велосипедистите, затоа што е многу рамна. Така е и во Утрехт. Тука е направена најголемата велосипедска гаража, со 12.500 места. До 2020 година бројот на местата треба да се зголеми на 33.000.
Антверпен во Белгија е уверлив со своите безброј паркинг места за велосипеди и добра инфраструктура. И тука многу нешта се „копенхагенизирани“. Така, системот за изнајмување велосипеди треба да се прошири, а треба да се направат и проширени и заштитени велосипедски патеки долж пристаништето, како и три велосипедски и пешачки мостови. Она на што мора уште да се работи е густиот сообраќај на улиците
Градската управа во Париз консеквентно со години ја гради велосипедската мрежа. Во неделите дури се затвораат цели улици за автосообраќај. Меѓу велосипедистите многу едноставно може да се вмеша секој турист, затоа што насекаде има станици за изнајмување велосипеди. Истото важи и за Стразбур. Овој град, покрај Париз, е меѓу највелосипедските градови во Франција.
Фотографија: picture-alliance/robertharding/S. Dee
Малме
Шведскиот град Малме инвестира многу пари за да ја подобри вело-инфраструктурата. Има речиси 500 километри велосипедски патеки со системи за давање предност. За развој на велосипедскиот туризам има и ферибот за транспорт на велосипеди помеѓу Малме и Копенхаген. Исто така, постои и велосипедски хотел со своја работилница, велосипеди на изнајмување и паркинг места за велосипеди пред апартманите.
Фотографија: Ohboy
Трондхајм
Трондхајм во Норвешка е брдовит град. Помош на велосипедистите им пружа првиот лифт за велосипеди во светот. Лифтот транспортира по околу 300 велосипеди на час на височина од 130 метри, односно на ридот на којшто се наоѓа тврдината Кристијанстен. Долж една шина има плоча на која може да се стави десната нога. Оваа плоча потоа го турка возачот заедно со неговиот велосипед по ридот нагоре.
Фотографија: public domain
Минстер
Во германскиот град Минстер има повеќе велосипеди отколку број на жители. Оттука, не е чудо што Минстер е град во којшто има најмногу кражби на велосипеди во Германија. Сепак, тоа не е обесхрабрување за велосипедистите. Тие не се откажуваат од велосипедите, зашто градот нуди комфор: широки патеки, доволно паркинг места за велосипеди и - нема брда.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Thissen
Барселона
Низ Барселона може да се вози со изнајмен велосипед уште од 2002-та. Во градот на располагање има 158 километри велосипедски патеки. За поголема безбедност во сообраќајот се грижи и органичувањето на брзината на 30 км на час во многу зони во градот. Велосипедска понуда има и за туристите - различни тематски велоспедски тури низ градот, до плажата или до знаменитостите од архитектот Антони Гауди.
Во Базел е рамно и растојанијата не се големи. Особено многу велосипеди на улиците има налето, за време на одржувањето на Slow Up, кога во различни градови на Швајцарија организаторите затвораат за автомобилски сообраќај околу 30 километри и таа рута им ја ставаат на располагање на велосипедистите. Долж рутата има богата програма, па возењето велосипед е сѐ друго, само не здодевно.
Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/M. Dr. Schulte-Kellinghaus
9 фотографии1 | 9
Заменик -градоначалникот на Париз, Дејвид Белијард од редовите на Зелените, при претставувањето на плановите во јули годинава рече дека сака да го обезбеди главниот град „за најслабите“ . Освен учесниците во сообраќајот на две тркала, ова се главно пешаците, особено децата и постарите граѓани.
Меѓутоа, секојдневните патници од околината не се премногу воодушевени од сообраќајниот пресврт на Сена - исто како и комерцијалните возачи, односно таксистите или добавувачите. Покрај подолгото време на патување, исто така станува потешко да се паркира автомобилот на дестинацијата, бидејќи многу места за паркирање сега се укинати.
Метрополата која инаку сака да се презентира себе си како трендсетер, овојпат само следеше други во однос ограничувањето на максималната брзина на 30 км на час: Градовите како Гренобл на Алпите, Нант на западот и Лил на северот на земјата беа предводници во областа на смирување на сообраќајот.