4 Палестинци загинаа во израелски ракетен напад
31 октомври 2007Реклама
Во израелски ракетен напад врз една полициска станица во градот Кан Јунис во јужниот дел на појасот Газа загинаа најмалку 4 палестински полицајци. Според наводи на очевидци и на локалните болници притоа повредени биле 10 лица. Израелската армија соопшти дека нападот е одговор на серијата ракетни напади од појасот на Газа вр израелска територија.