Во Парламентот владејачкото мнозинство инсистира на смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски, а опозицијата се противи. Времето на говор е ограничено, но седницата може да трае со недели. ВМРО ДПМНЕ со различни тактики ја одолговлекува расправата. „Зврлевски ќе биде разрешен и тие од вас, што треба, ќе одат во затвор“, им порачаа пратениците од СДСМ на пратениците од ВМРО ДПМНЕ.