40 милиони вреден накит украден во Франција
28 јули 2013Вооружен маж украде денеска во француското летувалиште Кан накит во вредност од 40 милиони евра, наведоа официјални лица во градот, а пренесува БиБиСи (ББЦ).
Кражбата се случила утрината за време на изложбата за накит во хотелот Карлтон во тој монденски град на Азурниот брег. Карлтон се наоѓа на шеталиштето Кроазета - една од најпрестижните локации во Кан, градот познат по филмскиот фестивал.
ББЦ наведува дека не е познато кому му припаѓа накитот, а локалните медиуми пишуваат дека крадецот украдениот накит го ставил во куфер.
Ова е последна од серијата кражби во Кан, а цел на крадците биле и филмски ѕвезди кои го посетиле Канскиот фестивал.
Кон крајот на мај е украден ѓердан од еден швајцарски јувелир, кој чини околу 2 милиони евра, по една забава од хотел со пет ѕвезди во местото Антиб.
Една недела предходно, од од хотелската соба на еден вработен во ексклузивната швајцарска златара Шопар, е украден накит во вредност од над 777.000 евра.