50 Jahre Europäische Sozialcharta
18 октомври 2011
Европската социјална повелба ја потпишаа 13 држави на денешен ден (18 октомври 1961) пред 50 години во Торино, Италија. Во меѓувреме потписнички се 43 држави-членки на Советот на Европа, иако некои изземаа одредени норми.
Основни елементи на Повелбата се правото на добро професионално образование, работа во сигурно опкружување со праведен надомест и соодветно работно време. Таа предвидува посебна заштита на децата и на трудниците, како и забрана на детски труд. Со неа се бара социјална заштита за сите кои се во материјална неволја. Таа го потврдува правото за приклучување кон организации кои ќе се залагаат за социјалните и економаски интереси на поединецот, како и правото на колективни преговори.
Контрола на придржувањето кон Повелбата
Европската социјална повелба создава социјален модел за Европа кој се разликува од сродните модели во светот, оценува Моника Шлахтер, потпретседател на Европскиот одбор за социјални права. Одборот надгледува дали земјите-потписнички се придржуваат кон Повелбата. „Северноевропските земји, кои имаат многу изразено социјални држави, секогаш добро проѓааат во Одборот. Тие предрасуди се точни“, вели Шлахтер. Таа не сака да именува кои земји „се истакнале“ со непочитување на Повелбата.
Европскиот одбор за социјални права добива и ги проверува извештаите од земјите-потписнички - дали се во согласност со Повелбата. Притоа се служи и со јавно достапни податоци, како на пример од Евростат (европските статистички власти) или со информации од Меѓународната организација за работа.
Повелбата „во сенка“ на Конвенцијата за човекови права
Повелбата е социјално-економски пандан на Европската конвенција за човекови права. Разликата се состои во тоа, што Конвенцијата има и комесар за човекои права, како и Европски суд за човекови права, кој може да ги осуди државите и да им наложи санкции, ако ја кршат Конвенцијата.
Европскиот одбор за социјални права може само да констатира дека некоја државна мерка значи повреда на Повелбата за социјални права и јавно да обрне внимание на тоа. „Но, нема вистински можности за спроведување“, се жали Моника Шлахтер. Вистинска слабост на Повелбата е и што е таа помалку позната не само во јавноста, туку дури и меѓу експертите и владите, кои - се чини - не ја сметаат за толку релевантна, колку Конвенцијата за човекови права. И актуелната криза на еврото го прави своето, програмите за штедење ги слабеат работничките права. Од средината на 90-тите години постои можноста за поднесување колективна поплака за повреда на Повелбата, но не е можна индивидуална поплака.
Автор: Дафне Гратвол / Зоран Јордановски
Редактор: Горан Чутаноски