1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

6 години од крајот на бомбардирањето на НАТО на СРЈ

11 јуни 2005

Ситуацијата на Косово е сега најстабилна од крајот на војната во 1999 година, изјави командантот на НАТО на Косово, генерал Ив де Кермабон по повод годишнината од завршувањето на воздушните напади на алијансата врз СР Југославија.

На денешен ден, пред шест години, Советот за безбеднст на ОН ја усвои Резлуцијата 12 44, а цивилната управа и е доверена на мисијата на Обединетите Нации. Ден потоа, во покраината влегоа Меѓународните мировни сили КФОР.

Иако беше најавувано дека по 78 дена бомбардирање НАТО на Косово ќе влезе со повеќе од 50 илјади војници, на 12 јуни, три дена по потпишувањето на т.н. Кумановски договор за повлекување на југословенската војска од покраината, бројот на војници на алијансата кои стапнаа на косовска почва беше далеку помал. Денеска, шест години потоа, на Косово има уште 17 илјади војници од 30 држави, меѓу кои најбројни се германските, француските, италијанските и американските сили. „Нашата задача, што ја извршуваме заедно со ОН и меѓународната заедница нема да биде завршена додека луѓето кои сакаат да се вратат во своите домови тоа и не го сторат„, изјави командантот на КФОР, Ив де Кермабон.

Правејќи биланс на развојот на Косово во последните шест години, премиерот Бајрам Косуми, рече:

“Во последните 6 години имаше големи промени и голем напредок. Ова се историски промени. Косово се наоѓа на дофат на својата повеќевековна цел – независност. Во текот на летото, специјалниот пратеник на Кофи Анан, Каи Еиде ќе направи опширна проценка на ситуацијата на Косово. Се надеваме дека таа ќе биде реална и позитивна„, изјави Косуми.

На Косово денеска влегувањето на мировните сили во покраината се одбележува со бројни манифестации. Во Белград нема официјални сеќавања на крајот на бомбардирањето на алијансата кое траеше 78 дена. Според официјални извори, за време на серијата бомбардирања врз Југославија се фрлени меѓу 12 и 14 тони осиромашен ураниум.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми