1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

60 години Генерално собрание на ОН

Рајнер Ситфелт10 јануари 2006

Речиси половина година по формирањето на Обединетите Нации, на десетти јануари 1946 година, пред точно 60 години – за првпат се оддржа Генералното собрание на ОН. Гремиумот има интересна историја и покрај тоа што честопати паѓа во сенка поради надмоќниот Совет за безбедност.

Симбол за Генерлното собрание на ОН
Симбол за Генерлното собрание на ОН

Само 147 денови по крајот на војната се формираше генерално собрание од тогаш 51 држава кои со новите ОН имаа намера да создадат нов и мирољубив светски поредок

„Првата седница на првото генерално собрание ја прогласувам за отворена.“

Паул Хенрик Спак беше првиот претседател на пленумот и првотот кадровско решение на младата организаиција, што речиси можеше да довде и до првиот еклат. Имено уште на сјајната премиера, позади кулисите беше се друго но не и мирољубиво. Кратко пред планираниот избор на белгискиот министер за надворешни работи, московскиот амбасадор во ОН, Андри Громиго се обиде да пласира против кандидат.

Источниот блок кој тогаш се формираше го предложи Норвежанецот Тригве Ли . Но тој ја загуби битката со 28 наспрема 23 гласови, и покрај поддршката од Вашингтон. Ли говореше за почеток полн со спорови меѓу многубројните делегации.

Сепак три недели подоцна скоро педесетгодишниот политичар на левицата беше избран за прв генерален секретар.

Но во Лондон стануваше збор за поставување на правците за светската заедница. За првпат заседаваше Советот за безбедност, откако беа избрани и непостојаните членки, а беше одлучено во Њујорк да биде сместено главнотот седиште на младите Обединети Нации.

Првата резолуција беше усвоена ма 24 јануари 1946 година, која барааше уништување на сите атомски и оружје за масовно уништување. Кротка желба, како и многу резолуции кои следеа во Генералното собрание.

Но хармонијата меѓу Москва и Вашингтон траеше кратко. Седниците во Њујорк се повеќе стануваа пропагандни говори на студената војна. Незаборавени останаа настапот на шефот на државата на Куба Фидел Кастро или атакот на Никита Крушчов:

Во средината на студената војна , 1973 година , ДДР и Сојунза републикја Германија станаа членки на Обединетите Нации под број 133 и 134

„Приемот на Германската демократска република во Обединетите Нации е историски и среќен настан во животот на нашиот народ.“

рече тогашниот министерот за надворешни работ на ДДР, Ото Винцер кој заедно со сојузниот канцелар Вили Брант ја славеа премиерата во Генералното собрание на ОН

„Обединетите Нации ги овозможи способноста на човекот за разумност. Наклонетоста на човекот кон неразумност ја прави неопходна.“

Иако особено американските републикански претседатели, Собранието на државите во светот го нарекуваа „кафуле за муабет“, иако резолуциите меѓународно правно не се обврзувачки, шеесетгодишната рунда сепак е морална инстанца, место за силината на зборот. Настапите пред Генералнотот собрание честопати биле и историска пресвртница, на пример Јасер Арафат се појави со палестинска шамија и оружје.

Но се чини Генералното собрние не е вознемирано од овие настани. Во сопствената јубилејна година, рундата е невобичаено исцрпена, стојат ли Обединетите Нации навистина како што вели и Кофи Анан пред крстопат:

„Дојдовме до раскрсница. Ова би можело да биде одлучувачки момент, не помалку одлучувачки откоку 1945“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми