1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

60 години Холокауст на Ромите

2 август 2004

Денеска, се навршува 60 годишнина и од уште еден, немил настан, холокаустот на Ромите. Сеќавањето на тој ден не бледнее кај преставниците на ромското малцинство, кое со векови се бори против обесправеноста.

Ноќта помеѓу први и втори Август 1944 година за голем број Роми заврши кобно. На зверски начин 23 илјади жени, деца, стари луѓе само заради тоа што беа припадници на оваа раса беа погубени во озлогласениот концентрационен логор Аушвиц. 60 години подоцна не бледнее сеќавањето на овој настан кој многумина го споредуваат со Антисемитизмот. Стотици години со клишеа и предрасуди се оцрнува нашето малцинство, особено последниве двеста години кога властите го користеа непријателското расположение кон Синтите и Ромите за да ги отргнат поглдиоте од државните проблеми, смета Романи Розе, претседател на германското здружение на Синтите и Ромите

“2 Август за нашите луѓе е сеќавање на Холокаустот, кој однесе петстотини илјади животи од нашето малцинство. Тоа значи и сеќавање на Аушвиц каде ноќта помеѓу 1 и 2 Август 1944 та во таканаречениот цигански логор беа погубени 23 илјади Синти и Роми од 11 земји од Европа.

Од 1933 до 1945 година во Германија постоела таканаречена расна идеологија која според Росе претставувала основа за обесправеност на неговото малцинство. Тоа што се случи во 1944 година според него не смее да се повтори

"Сеќавањето на погубените мораме да го сочуваме за идните генерации. Тоа веќе не смее да им се повтори на Синтите и Ромите во Европа“ рече Розе

Тој смета дека државата треба да превземе поголема одговорност за националните малцинства, кои со расната теорија и научната доктрина на која биле изложени, уште повеќе ја изгубиле положбата во однос на мнозинското население.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми