1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиАвганистан

Смртоносен земјотрес во Авганистан и во Пакистан

СН/агенции
22 март 2023

Силен земјотрес погоди делови од Авганистан и од Пакистан. Повеќе луѓе загинаа, а десетици други се повредени. Потресот беше почувствуван и во други околни земји. Сè уште не може да се предвидат размерите на штетите.

Спасувачките екипи  пренесуваат повредени од земјотресот во болница во пакистанскиот град Саиду Шариф
Спасувачките екипи пренесуваат повредени од земјотресот во болница во пакистанскиот град Саиду ШарифФотографија: Naveed Ali/AP Photo/picture alliance

Најмалку 13 луѓе го загубија животот, а над 90 се повредени во земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала во Авганистан и во Пакистан, соопштија владините претставници.

Најмалку 9 лица загинале, 44 се повредени на северозападот на Пакистан, соопшти претставник на пакистанската влада, додека во Авганистан има најмалку 4 жртви, а 50 луѓе се повредени. Во двете земји се оштетени бројни куќи и згради.  

Според американскиот геолошки институт УСГС,  епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала бил во близина на градот Џурм во североисточниот дел на Авганистан на длабочина од 187 километри.

Жители на Кабул, Авганистаб собрани пред станбена зграда по силниот земјотрес Фотографија: AFP

Според УСГС, земјотресот траел најмалку 30 секунди и бил почувствуван дури до Њу Делхи, главниот град на Индија, кој се наоѓа на околу 2000 километри од епицентарот.

И германскиот геолошки истражувачки центар во Потсдам измери интензитет од 6,5 степени и го лоцираше епицентарот на земјотресот на длабочина од околу 180 километри. Според центарот, вообичаено при земјотрес со ваква јачина и длабочина на епицентарот нема непосредна штета. За споредба: Според експертите од Потсдам, епицентарот на катастрофалниот земјотрес во турско-сирискиот пограничен регион пред повеќе од шест недели беше на длабочина од десет километри.

Земјотресот беше почувствуван и во главниот град на Пакистан, ИсламабадФотографија: AAMIR QURESHI/AFP

Сеизмички активно подрачје

Земјотресот се почувствувал во опсег од над 1.000 километри, на подрачје каде што живеат 285 милиони луѓе во Пакистан, Индија, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан, Киргистан, Авганистан и Туркменистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил во планините Хиндукуш, во ретко населената североисточна авганистанска провинција Бадакшан, на длабочина од 187 километри, соопшти американската геолошка служба УСГС.

Хотелски гости во индискиот град Амритсар ноќта ја минаа на отвореноФотографија: NARINDER NANU/AFP

Во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала во источен Авганистан во минатата година загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Најмалку 73.000 луѓе настрадаа во земјотрес со јачина од 7,6 степени во северен Пакистан во 2005 година.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми