1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

75 години од бомбардирањето на Дрезден

Валери фон Китлиц
13 февруари 2020

„Сѐ беше во пламен“ - Ернст Хирш се сеќава на бомбардирањето пред 75 години, кога градот беше речиси целосно уништен. Во воздушните напади и пожарите загинаа околу 25.000 луѓе. За Хирш тоа е воено злосторство.

Gedenken an die Zerstörung Dresdens
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пред 75 години Дрезден беше бомбардиран од страна на сојузничките сили. Врз градот беа фрлени 2.700 тони бомби и запаливи материјали. Градот беше речиси целосно разурнат. Во бомбардирањето и пожарите загинаа околу 25.000 луѓе.

Ернст Хирш во тоа време имал 9 години. Тој се сеќава:

„Се' беше во пламен. Се' уште ми се пред очи пламените јазици над покривите.“

Сојузничките сили аргументираа дека бомбардирањето има стратешко значење. Но, обемот на деструкцијата до денес предизвикува контроверзи. 

Повеќе во видеото:

75 години од бомбардирањето на Дрезден

02:10

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми