1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

75 години НАТО: улогата на Германија и на Бундесверот

4 април 2024

Бундесверот е основан како браник против советската војска во источна Германија. По падот на Берлинскиот ѕид уследија германски воени мисии во БиХ, на Косово, во Авганистан. Сега повторно опасноста се заканува од Москва.

Рускиот напад врз Украина ја принуди и германската армија да направи суштински промени
Рускиот напад врз Украина ја принуди и германската армија да направи суштински промениФотографија: Christophe Gateau/dpa/picture alliance

На почетокот на 1996 година германските војници првпат по Втората светска војна во борбена опрема стапнаа на територијата на една европска земја. Тие дојдоа во БиХ, не како „сини шлемови“ во состав на мисијата на ООН, туку како дел од НАТО. Поранешната југословенска република БиХ во 1992 година босанските Срби и вопјската на автократот Слободан Милошевиќ ја вовлекоа во најкрвавата војна на европско тло од 1945 година наваму. Во декември 1995 година завојуваните страни и соседните земји, како и шефовите на држави и влади од САД, Велика Британија, Франција, обединета Германија, го потпишаа Дејтонскиот мировен договор.

Мисијата на НАТО во БиХ: промена за Бундесверот

НАТО ги формираше „силите за имплементација“, кои подоцна станаа „сили за стабилизација“ за да обезбеди во земјата да се почитува прекинот на огнот – и тоа со германско учество.

Германски војници со оклопни и други возила во Босна и Херцеговина, фотографија од 2002 годинаФотографија: AP

Но, таа мислија означува повеќе од само почеток на ангажманот на НАТО во Западниот Балкан – германската војска пред се само делумно беше подготвена за мисијата во ридестата Босна. Таканаречениот ангажман надвор од подрачјето на НАТО не беше во програмата за обука на германската војска. Во БиХ делумно мораше да се прави проширување на патиштата, затоа што инаку тешкото оружје не можело да пројде.

За време на Студената војна, Бундесверот во рамките на НАТО кој беше основан пред 75 години, поточно во 1949 година, пред се’ беше задолжен за одбрана од евентуален напад од земјите на Варшавскиот пакт. Тоа се земји под советско влијание во кое спаѓаше и источниот дел од денешна Германија, тогашната социјалистичка Германска Демократска Република- ГДР.  Советскиот сојуз само во ГДР имаше стационирано половина милион војници. Самата војска на ГДР пак броеше повеќе од 150 илјади војници.

Воена вежба: советски напад на северот на Германија

На маневрите од НАТО секоја година се разработува сценарио на тенковски напад од истокот на северот на Германија. Единиците на Бундесвер со своите тенкови од типот „Леопард“ треба да се спротивстават на таков напад, додека со помош пред се од посилните НАТО членки како САД, не се воспостави целосна контрола на воздушниот простор во однос на можен напад од истокот. За таквата прилично точно дефинирана задача во рамки на НАТО заоадногерманската војска од 249 илјади војници во 1958 година порасна на  493 илјади во 1972 година, кога германската војска достигна рекордна бројност.

Раните години на Бундесверот: Министерот за одбрана Франц-Јозеф Штраус врши проверка на автоматска пушка во 1959 година.Фотографија: picture-alliance/AP Photo

До падот на Берлинскиот ѕид германската војска имаше околу 480 илјади војници. Од тогаш нивниот брпј само еднаш, на кратко, се зголеми и тоа кога источногерманската војска беше интергрирана во војската на обединета Германија. Целта меѓутоа пред се беше распуштање на структурите на источногерманската војска.

Намалување на бројот на припадниците на Бундесверот

Околу две децении по падот на Берлинскиот ѕид, односно на т.н. железна завеса, која ги делеше источна и западна Европа, во германската војска служеле само околу 200 илјади војници. Според податоците на германското Сојузно министерство за одбрана, Бундесвер во 2023 година имал околу 181 илјада припадници. Од тоа, само мал дел од нив е подготвен за борбени акции во рамки на НАТО. Учеството во мисијата во Авганистан по терористичките напади од 2001 година во САД, повторно доведе до големи промени во улогата на Бундесвер во рамките на НАТО. Долго време целта беше да се создаваат единици кои за кратко време може да бидат префрлени на одредишта на кои се потребни, па дури и во Авганистан. Се до големиот „пресврт“.

Таквиот поим го употреби канцеларот Олаф Шолц во говорот пред германскиот парламент неколку дена по масовниот напад од Русија врз Украина во февруари минатата година.

Косово: Кому ќе му недостига Бундесверот?

02:06

This browser does not support the video element.

Одбраната од копнен напад од големи размери во Европа е сценарио на кое воените експерти веќе три децении, по крајот на студената војна, не ни помислуваа.

Писториус: „подготвени за војна“ за пет години

Германската војска мора да стане „подготвена за војна“, изјави ресорниот министер Борис Писториус. Според анализите, Русија би можела за помалку од пет години да се осуди да тргне во напад на територија на НАТО. Од почетокот на големата инвазија врз Украина, Москва својата економија ја сврте на воена. По три децении учество на мисии надвор од земјите на НАТО, количината на муниција со која располага Бундесвер е доволна за само неколку дена отпор на таков еден напад. Сега НАТО би требало да биде вооружан, така што заплашувањето во однос на Русија ќе биде толку силно што руската војска во иднина нема ни да се осуди да се обиде со напад врз територија на НАТО. Односно – онака како што тоа било за време на четири децении студена војна.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми