1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД: 77 Нобеловци предупредуваат против Кенеди како министер

ЖА
10 декември 2024

77 добитници на Нобеловата награда упатија отворено писмо против номинацијата на антиваксерот Роберт Ф. Кенеди Јуниор за министер за здравство на САД во идната администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Роберт Ф. Кенеди Јуниор  Доналд Трамп
Роберт Ф. Кенеди Јуниор е номиниран за министер за здравство на САД во идната администрација на новоизбраниот претседател Доналд ТрампФотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Според извештајот на „Њујорк Тајмс", 77 добитници на Нобеловата награда се изјасниле против Роберт Ф. Кенеди како американски министер за здравство.  Одбраниот кандидат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп - не треба да биде потврден од Сенатот и да биде поставен на чело на министерството, се вели во отвореното писмо на научниците објавено од весникот.

Потписниците се сомневаат во соодветноста на Кенеди за функцијата и го критикуваат неговиот недостаток на квалификации или искуство во области како што се медицината, науката и администрацијата. Го обвинуваат дека застапува антинаучни позиции.

Со оглед на предисторијата на Кенеди, неговото назначување на чело на американското Министерство за здравство и човечки услуги ќе го „загрози здравјето на населението“, велат лауреатите од областа на медицината, хемијата, физиката и економијата. Дополнително, водечката улога  на САД  во истражувањето би била ослабена.

Кенеди во минатото се истакнуваше како противник на вакцините кои спасуваат животи, шири теории на заговор и е остар критичар на властите кои во иднина би му биле подредени, како што е американската Агенција за храна и лекови. „Ве повикуваме да гласате против потврдувањето на неговото именување“, се вели во писмото.

Писмото е иницирано, меѓу другите, од британско-американскиот биохемичар и молекуларен биолог Ричард Робертс, кој ја доби Нобеловата награда за медицина во 1993 година. Потпишан е и  американскиот имунолог Дру Вајсман.  Тој беше награден со Нобеловата награда во 2023 година заедно со унгарскиот биохемичар Каталин Карико за неговото основно истражување во развојот на иРНК вакцината против коронавирусот.

Кенеди се кандидираше на претседателските избори како независен кандидат, но потоа ја повлече својата безнадежна кандидатура и премина во таборот на  Доналд Трамп.  70-годишникот потекнува од угледното семејство Кенеди. Тој беше демократ со децении и адвокат и активист за заштита на животната средина, но се повеќе се дистанцираше од партијата. Критикуван е за ширење теории на заговор и контакти со десничарски екстремистички политичари. Кенеди Јуниор е отворен противник на вакцинацијата.

Кога го номинираше Кенеди, Трамп изјави дека тој ќе стави крај на „епидемијата на хронична болест“ и ќе ја направи Америка повторно здрава.

Назначувањето допрва треба да биде потврдено од Сенатот. Од конгресните избори на 5-ти ноември, Републиканската партија на Трамп таму повторно има мнозинство.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми