1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

80-ти роденден на “кралот на калипсото” Хари Белафонте

1 март 2007

Белафонте направи неповторлива кариера како пејач и филмски актер, но со децении е и политички ангажиран

Хари Белафонте
Хари БелафонтеФотографија: AP

“Сончев остров”, “Матилда”, “Чамецот со банани” се некои од од големите хитови на славеникот, кој продаде повеќе од 100 милиони плочи. “Калипсо”, првата лонг-плеј плоча на младиот талентиран човек од њујоршкиот црнечки кварт Харлем Хари Белафонте во 1956-та година стана првата воопшто во музичката историја која беше продадена во повеќе од еден милион примероци за една година.

Но, Хари Белафонте направи и забележителна кариера на големиот екран со преку 40 снимени филмови. Меѓународна слава во тој дел постигна со “Кармен Џонс”. Во германските кина наредната недела ќе започне прикажувањето на неговото најново филмско остварување “Боби”.

Белафонте со децении е и политички ангажиран. Неодамна призна дека најмило хоби му е острата реторика против американскиот претседател: тој го означува Џорџ Буш како “најголем терорист на светот”. Поранешниот државен секретар Колин Пауел е лажго, министерството за заштита на татковината го споредува со Гестапо. Хари Белафонте се избори за неповторлива морална веродостојност: се бореше на страната на Мартин Лутер Кинг за правата на црнците во Америка, со Нелсон Мандела против апартхејдот во Јужна Африка, се бори за правата на децата и против сиромаштијата во светот како амбасадор на УНИЦЕФ, “Амбасадор на добра волја” на светската организација.

“Сметам дека најголем тероризам во светот е теророт од сиромаштија и игноранција. Тоа се корените од кои настанува теророт на физичко насилство. Насилството настанува од сиромаштија и рамнодушност.Теротизмот е акти на сила против цивилното општество и секогаш се потхранува од сиромаштијата”, зборуваше хари Белафонте пред 2 години во Берлин во својство на амбасадор на УНЦЕФ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми