1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Филм

94. Оскари: „Кода“ триумфира како најдобар филм

СН/агенции
28 март 2022

Нискобуџетниот филм на режисерката Шан Хедер освои Оскар за најдобар филм на 94-тото свечено доделување на наградите на американската Академија на филмски уметности и науки, во театарот Долби во Лос Анѓелес.

Екипата на победничкиот филм „Кода“ го прославува освојувањето на Оскарот
Екипата на победничкиот филм „Кода“ го прославува освојувањето на ОскаротФотографија: Brian Snyder/REUTERS

Трагикомедијата „Кода“ („Coda“), нискобуџетен филм за комплицираниот живот на едно глувонемо семејство и нивната ќерка која слуша, ја доби највисоката награда на Оскарите, изненадувачки победувајќи ги сите свои конкуренти. 

Филмот ги освои наградите во сите три категории во кој беше номиниран - за најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио (за режисерката Шан Хедер) и за споредна машка улога ( за глувонемиот актер Трој Костур).

Во категоријата за главната награда беа номинирани филмовите „Белфаст“, „Don't Look Up“, „Drive My Car“,  „Dune“, „King Richard“, „Licorice Pizza“, „Nightmare Alley“, „The Power of the Dog“ и „West side story“.

Новозеландската режисерка Џејн Кемпион освои Оскар за најдобра режија за филмот „The Power of the Dog“.

Џејн Кемпион е трета режисерка во историјата на Оскарите награддена со златната статуетка за најдобра режијаФотографија: Mario Anzuoni/REUTERS

Мрачниот психолошки вестерн освои најмногу, вкупно 12, номинации за престижната филмска награда, додека режисерката е трета жена која освоила Оскар во оваа категорија по Кетрин Биглоу во 2010 и Клои Жао во 2021 година.

Џејн Кемпион во 1994 година освои Оскар за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Пијано“.

Најмногу награди освои научно-фантастичниот спектакл „Дина“ („Dune“) - пет. Наградата за најдобра споредна женска улога ја освои Аријана Дебоуз („West side story“). Наградата за најдобро оригинално сценарио ја освои филмот „Белфаст“. За најдобар странски филм е наградена јапонската драма „Drive My Car“.

Аријана Дебоуз со Оскарот за најдобра женска споредна улогаФотографија: Neilson Barnard/Getty Images

За време на церемонијата беше упатена и поддршка за Украина. 

Џесика Честејн која доби Оскар за главна женска улога во филмот „Очите на Тами Феј“ (The Eyes of Tammy Fey"), веќе беше двапати номинирана за Оскар.

Вил Смит доби Оскар за најдобар глумец за улогата во филмот „Кралот Ричард“ („King Richard“) посветен на сестрите тенисерки Серена и Венус Вилијамс. Тој доби Оскар по првата номинација за оваа награда пред 20 години за улогата во филмот „Али“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми