1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

АфД се ослободува од радикалниот подмладок

БГ/ ДПА
3 декември 2024

Германската десничарска партија АфД одлучи да се ослободи од својата младинска организација. Таа се смета за премногу радикална, а партискиот врв не може да го контролира подмладокот. Решението се бара во формирање нова.

Deutschland Dresden | AfD-Wahlkampfveranstaltung für Europawahl
Фотографија: Sebastian Kahnert/dpa/picture alliance

Раководството на германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) одлучи да се одвои од својата младинска организација, Млада Алтернатива (ЈА) и на нејзино место да формира нов партиски подмладок.

Сојузниот извршен борд на АфД донесе одлука за измена на партискиот статут со што ќе се овозможи таквиот чекор, јави агенцијата ДПА. 

Дискусијата за создавање нов подмладок трае веќе извесно време, а причината е што младинската организација, ЈА се смета за премногу радикална, дури и за АфД.

Германските разузнавачки служби го класифицираат подмладокот како „десно екстремистичка група“, а притоа, раководството на АфД нема контрола врз работата на ЈА.
„Тие си прават што сакаат“, вели висок функционер на АфД за ДПА, и додава дека партијата воопшто и не може да ја расформира организацијата, туку единствен начин на делување е да се одвои од неа.

ЈА е релативно независна, а нејзините членови, со исклучок на раководството, не мораат да бидат и членови на партијата. 

Менувајќи го статутот, во АфД сакаат да формираат сосема нова младинска организација во која ќе делуваат сите партиски членови помлади од 36 години. Тоа ќе овозможи далеку поголема контрола врз делувањето на подмладокот. 

Келн: Илјадници луѓе протестираа против десничарската АфД

00:54

This browser does not support the video element.

Радикален национален концепт

Подмладокот на АфД промовира радикална идеологија во која водечкиот принцип е „националниот концепт на етничка припадност“. Централна политичка идеја на ЈА е „зачувување на германскиот народ во неговото етничко потекло“.

Дополнително, како што потврдија и судовите во Германија, ЈА води масовна ксенофобна пропаганда, особено насочена против исламот и муслиманите. „Барателите на азил и мигрантите паушално се осомничуваат и деградираат. Имигрантите генерално се опишуваат како паразити и криминалци или на друг начин се презираат, а нивното човечко достоинство се занемарува“, се наведува во пресуда на судот од Келн. ЈА агитира против принципот на демократија на сојузно, државно и окружно ниво. Ова се изразува, на пример, во изедначувањето на Сојузна Република со диктаторските режими, особено со нацистичкиот режим и ГДР.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми