1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Црната листа ќе се шири - се разгледуваат повеќе случаи

ДТЗ
29 јули 2024

Досега на оваа листа се најдоа бројни имиња на политичари и бизнисмени од земјата и нивните семејства. Според Агелер, листата е динамична и ќе се менува

Анџела Агелер
Црната листа ќе се шири - се разгледуваат повеќе случаиФотографија: Reg. Nordmazedoniens

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска од Штип ја најави можноста за проширување на т.н. „црна листа“. Таа при посетата на касарната „Јане Сандански“ рече дека има повеќе имиња и случаи коишто се разгледуваат во моментот. 

„Црната листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере и да се достават на разгледување во Вашингтон. Во моментов се разгледуваат имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто“, рече Агелер.

Но, според неа засега нема конкретен датум кога би се соопштиле нови имиња за личности од земјата, за коишто би биле изречени санкции од страна на САД. 

Досега на оваа листа се најдоа бројни имиња на политичари и бизнисмени од земјата и нивните семејства. Стејт Департментот неодамна ги стави на црна листа градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски и екс-специјалната обвинителка, Катица Јанева, како и нивните семејства, на кои им е забранет влез во САД. Минатата година, на црната листа беа ставени и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Кочо Анѓушев, Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков и Никола Груевски. 

Во врска со барањето на обвинителството за меѓународна правна помош од САД за случајот „Соравиа“, во кој е вклучен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Агелер кажа дека таа нема детали, дека Амбасадата на САД има правна канцеларија, која се занимава со овие работи.

„Но, ќе го кажам она што и претходно сум го кажувала пред членовите на мојот тим. Без разлика на овој конкретен случај, никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки“, рече Агелер.

Потребни се реформи во судството, но треба да се носат мудри одлуки, вели Агелер, по најавите за реформи во Судскиот советФотографија: Petr Stojanovski/DW

Потребни се реформи и мудри одлуки во судството

Амбасадорката на САД, на настанот на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, беше децидна дека се потребни реформи во судството. Но, според неа, секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем треба да се направи многу внимателно и да се донесат мудри одлуки.

Агелер вели дека ЕУ има патоказ за тоа како треба да се спроведат реформите и оти тие како амбасада и како држава го поддржуваат.  Евроамбасадорот во заминување Дејвид Гир неодамна изјави дека распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители е директно мешање во независноста на судската власт и смета дека доколку тоа се случи ќе предизвика сериозна загриженост кај ЕУ.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми