1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети : Во ДУИ нема ниту оган, ниту пламен

ДТЗ
4 октомври 2022

По фракциите во партијата, ДУИ ќе избира ново раководство. Лидерот на партијата, Али Ахмети, и по денешната средба во Мала Речица, тврди дека нема фракции меѓу членството.

Али Ахмети ДУИ
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и по денешната средба во Мала Речица, тврди дека нема фракции меѓу членството.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по денешната средба во Мала Речица со незадоволните партиски членови, испрати порака дека нема турбуленции во партијата. Тој најавува дека дебатата во партијата ќе продолжи, а на 15 октомври ќе има Централно собрание на кое ќе се избере ново претседателството. 

„Денеска имавме разговор со долгогодишните соработници, со нив сум поминал во многу битни процеси, во многу успеси. Разговаравме и во суштина дебатата се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има Централно собрание каде ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство, по што ќе се разговара за политичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ“, изјави Ахмети на прес-конференцијата придружуван од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта. 

По повеќечасовните разговори во Мала Речица тој беше дециден дека во партијата нема оган. „Нема оган, нема пламен, карактеристика на ДУИ е никогаш немало напори да се изгасне различното размислување, да се истисне или да се војува против различно размислување, напротив со почитување на тоа сме дошле до вистинските одлуки. Значи нема оган, и нема да има“, изјави Ахмети.

Пратеникот Изет Меџити, еден од т.н. огнена група е задоволен од средбата и не отстапува од барањето за смена на вицепремиерот Артан Груби. „Дебатата ќе се врати во ДУИ, органите ќе одлучат за тоа што понатаму со нашите барања“, истакна Меџити. Ова е втора средба за кус период откако незадоволните во партијата побараа промени и одговорност од членови на раководството. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми