Македонија е втора најзагадена земја во Европа
24 март 2026
Македонија се наоѓа на 34 место во светот и на второ во Европа според загаденоста на воздухот со ПМ честички, покажува најновиот годишен извештај за 2025 година на платформата Ај-кју-ер (IQAir). Земјата е рангира зад Босна и Херцеговина која е на 27 место, а пред Србија која е 38-ма, со просечен коефициент од 21,2, што значи надминување на безбедните вредности за три до пет пати.
Тетово и Струмица – најзагадени градови во Македонија
Најзагадени македонски градови лани биле: Тетово и Струмица, каде вредностите на ПМ 2,5 биле пет до седум пати над дозволените граници. Скопје е на 113 место со коефициент од 19,1.
Најзагадени месеци биле јануари, февруари и декември, додека најчист воздух имало во април и мај.
Само 13 земји во светот дишат безбеден воздух
Според извештајот, само 14% од градовите глобално го исполнуваат упатството на СЗО за ПМ 2,5. Земји што ги исполнуваат овие стандарди се: Француска Полинезија, Порторико, Американските Девствени Острови, Барбадос, Нова Каледонија, Исланд, Бермуди, Реунион, Андора, Австралија, Гренада, Панама и Естонија.
Германија е на 102 место на ранг-листата, со средна вредност 9,4.
Најзагадени земји во светот во 2025 година
Највисоки нивоа на ПМ 2,5 се регистрирани во Пакистан, Бангладеш, Таџикистан, Чад и Конго. Најзагаден град во светот е Лони, Индија, каде концентрацијата на опасни честитички е за 22 пати поголема од упатството на СЗО. Најчист град е Њувудвил (Јужна Африка).
Само три европски земји ги исполнуваат безбедните стандарди на СЗО: Андора, Естонија и Исланд.
Во 2025 година:
- 23 земји регистрирале пораст на ПМ 2,5
- 18 земји бележат намалување
- Швајцарија и Грција имаат зголемување над 30% поради чад од шумски пожари
- Малта има најголем пад на загадувањето (24%) благодарение на транзицијата кон обновливи извори
Во моменталните мерења во живо, меѓу петте најзагадени европски градови се: Париз, Лондон, Пекинг, Дака, Вухан, додека делови од Балканот и Источна Европа и натаму се најпогодени од загадување од согорување фосилни горива.