1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ајварот на земјоделките од Паликура

02:39

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети
24 ноември 2023

Од продажба пред куќниот праг до одржлив бизнис - Милена и нејзината мајка Живица, земјоделки од село Паликура, општина Росоман, се обидуваат да се пробијат на пазарот со ајвар и лутеница направени на традиционален начин и со вкус зачуван низ годините. Остварувањето на целта не е лесно. 

Милена и Живица сѐ работат рачно. Подготвувањето на ајварот е процес кој бара време, труд и трпение.

„Сѐ е рачно работено. Се пече на дрва, се работи, рачно се лупи исто и готовиот производ се спрема рачно, немаме ништо индустриско“, вели Милена Ангелова, земјоделка од селото Паликура, општина Росоман. 

Милена Ангелова, земјоделка од село ПаликураФотографија: Arbnora Memeti

Од семе до финален производ, сѐ е произведено во дворот на нивната куќа. Обемот на работата во меѓувреме е толкав, што им е потребна помош. Досега Милена успеала да ангажира само три жени:

 „И тука од нашето село, а имам исто така и од Росоман жени на таа возраст (над 50 години) што работат. Мислам, на тие години без проблем. А, сепак, пак ќе кажам: (на возраст од) дваесет, триесет години нели, кој учи, кој не, ама нема заинтересирани за да се работи овде“

На рачна изработка на ајвар се нафаќаат само возрасни жениФотографија: Arbnora Memeti

За тајната на вкусот на ајварот се грижи мајката Живица Ризова. Таа меша рачно со часови, а дневно произведува до 40 тегли:

„Многу е важно кога некој ќе ви рече: ‘Да ви се позлатат рацете’ за тоа што сте го направиле. Тоа е нешто што ти ја полни душата и уморот не се чувствува кога се работи нешто со љубов, а и тие што го ручаат го ручаат со љубов.” 

 
Милена и Живица имаат високи цели и со своите „slow food“ производи сакаат да се пробијат и на меѓународниот пазар. Тоа не е лесно, зашто во овој бизнис доминира индустриското производство.

Мрежата за заштита од дискриминација неодамна алармираше дека жените земјоделки се дискриминирани, односно немаат право на платено породилно отсуство, ниту на платено боледување. Затоа се бараат промени во постоечкиот Закон за здравствено осигурување. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми