1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Аларм од СЗО – се шири опасен вирус на мајмунски сипаници

ЖА
15 август 2024

Светската здравствена организација прогласи највисоко ниво на тревога поради новата варијанта на вирусната болест мпокс во Африка. Ова нема конкретни ефекти - но треба да ги предупреди националните власти

мпокс
Светската здравствена организација прогласи највисоко ниво на тревога поради новата варијанта на вирусната болест мпокс во АфрикаФотографија: NIAID via AP/picture alliance

Со оглед на загрижувачката варијанта на опасната вирусна болест мајмунски сипаници (мпокс) во Африка, Светската здравствена организација (СЗО)  прогласи највисоко ниво на тревога. Агенцијата на Обединетите нации прогласи „вонредна состојба за јавното здравје од меѓународен опсег“ бидејќи ширењето на мпокс може да претставува ризик по здравјето во повеќе земји.

Загрижувачката варијанта, откриена во 2023 година во Демократска Република Конго, е позаразна од нејзините претходни врсти и може да предизвика исклучително тежок тек на болеста, се вели во укажувањето од СЗО, иако отсуствуваат подетални студии. Опасната варијанта во изминатите недели е регистрирана и во Уганда, Руанда и Бурунди, како и во Кенија.

Загрижувачката варијанта на мпокс е позаразна од нејзините претходни врсти и може да предизвика исклучително тежок тек на болестаФотографија: Brain WJ/BSIP/picture alliance

Африканската здравствена служба ЦДЦ пријави повеќе од 14.000 сомнителни случаи и повеќе од 500 смртни случаи во Демократска Република Конго и соседните земји оваа година.

Објавата на Светската здравствена организација не предвидува задолжителна акција, но „вонредната состојба со меѓународен досег“ служи како алармен сигнал. Тој е наменет да ги охрабри властите ширум светот да се подготват за можни епидемии. Европскиот здравствен орган ЕЦДЦ го оцени ризикот од ширење на новата варијанта во Европа на крајот на јули како „многу низок“. Според Институтот Роберт Кох (РКИ), во моментов нема познати случаи во Германија.

Вакцината е ефикасно средство против мајмунски сипанициФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Мпокс порано се нарекувала мајмунски сипаници, бидејќи случајно првпат била откриена кај мајмуните. Овој вирус е поврзан со класичниот вирус на сипаници (вирусот Вариола), главно предизвикува осип на кожата, но и треска и може да биде фатален, особено кај децата. Вакцината против мали сипаници штити и од инфекција со вирусот мпокс. СЗО веќе прогласи вонредна состојба поради мпокс во јули 2022 година. Во тоа време имаше случаи во повеќе од 60 земји, вклучувајќи ја и Германија.

Инфекциите се должеа на варијанта која предизвикува помалку тешка прогресија на болеста.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми